14.2 C
Shtip
spot_img

Штип не заборава: На 16.март на плоштадот “Ѕвездено небо за ангелите”

Штип на 16 март ќе биде обединет во тивка, но силна порака на сеќавање, почит и солидарност. Граѓаните ќе се соберат на градскиот плоштад за да им оддадат почит на сограѓаните „ангели“ кои повеќе не се меѓу нас, потсетувајќи дека и по една тешка и болна година – споменот за нив живее.
Настанот е посветен на сите жртви од страотниот пожар во дискотеката Пулс во Кочани, со порака дека тие никогаш нема да бидат заборавени, а воедно ќе биде испратена и силна поддршка до граѓаните на Кочани. Организаторите нагласуваат дека Штип стои заедно со Кочани во овие тешки моменти, обединети во болката, но и во надежта.
Програмата започнува во 18:30 часот со прием на гости и поставување камен-темелник за изградба на спомен-обележје кај фонтаната во близина на градскиот плоштад. Потоа, од 18:40 до 19:10 часот ќе следува палење свеќи во чест на сите починати.
Во 19:10 часот ќе се одржи кратка пригодна програма посветена на жртвите, додека настанот ќе заврши во 19:30 часот со симболично „ѕвездено небо“ – момент кога присутните ќе ги вклучат светилките од своите мобилни телефони, испраќајќи порака дека светлината постои дури и во најмрачните денови.
Организаторите ги повикуваат сите граѓани да се приклучат и заедно да испратат порака на љубов, сеќавање и единство – затоа што, како што велат, Штип не заборава.

━ повеќе содржини

Во Штип се отвора првиот фитнес клуб специјализиран за жени

На 12.03.2026 во Штип се отвора првата теретана за жени. "Her Fit - Progress" ќе биде место каде девојките од Штип ќе можат да...

Трамп: Војната со Иран е „речиси завршена“, цените на нафтата паднаа објави Скопје1.мк

Цените на нафтата нагло паднаа синоќа откако американскиот претседател Доналд Трамп навести дека конфликтот со Иран би можел да се приближува кон крај. По...

Војната на Блискиот Исток го менува светскиот туризам, побарувачката за европските дестинации нагло ќе порасне

Војната на Блискиот Исток веќе почнува да влијае на меѓународните патувања, а падот на перцепцијата за безбедноста во неколку земји од Заливот, заедно со...

Колку добива државата од литар продаден бензин и дизел?

Од еден литар продаден еуродизел, државата од утре ќе инкасира 13 денари од данок на додадена вредност и 15,5 денари акциза. Или, од малопродажната...

Корисници го напуштаат ChatGPT и преминуваат на Claude

Многу корисници преминуваат од ChatGPT на Claude, но ги изненадуваат строгите ограничувања и дневните квоти. Ограничувањата на моделите Opus и Sonnet се дел од...
spot_img