-3.3 C
Shtip
spot_img

Штип и годинава ќе доделува стипендии и парични награди за најдобрите ученици

Општина Штип четврта година по ред ќе доделува стипендии и еднокартни парични награди на ученици од основните и средни училишта, за ученици кои имаат значајни достигнувања на натпревари на државно и меѓународно ниво.  

Општина Штип четврта година по ред ќе доделува стипендии и еднокартни парични награди на ученици од основните и средни училишта, за ученици кои имаат значајни достигнувања на натпревари на државно и меѓународно ниво.  

Снежана Санева, раководите на Секторот за образование, јавни дејности и ЛЕР во Општина Штип денеска изјави дека планирани се 420 000 денари за стипендии, а 180 000 денари за еднократна парична награда.

-Право на учество имаат сите ученици кои се редовни, треба да имаат освоено прво, второ или трето место на државни натпревари. Од општите услови, кои треба да ги исполнуваат се да бидат жители на Општина Штип и да се редовни ученици. Средставата кои се доделуваат се во износ од 600 000 денари, од кои 420 000 денари ќе се доделат за стипенди, изјави Санева.

Таа вели дека согласно успехот на ученикот и според методологијата се определува кои од трите стипендии ќе ги добива ученикот. Ако достигнувањатаа се на меѓународно ниво тогаш добива еднократна парична награда.

-Паричните награди се однесуваат на оние ученици кои имаат значајни резултати на меѓународно ниво, додека оние кои постигнале знајчани резултати може да добијат стипендии, рече Санева.

 Потребните документи за аплицирање може да се најдат на јавниот повик. Пријавувањето може да биде по електронски пат или во писмена форма со достава до архивата на општината. Крајниот рок за пријавување е до 8 декември.

━ повеќе содржини

ЛИЖАВЧЕ ШТО СВИРИ СТАНУВА ХИТ ВО САД – Музика има само додека се лиже

Лижавчето ќе се продава по 8,99 долари, а продажбата почнува веднаш по завршувањето на ЦЕС. Организаторите велат дека интересот е огромен – повеќе од...

Денес е Св. Стефан, заштитник на болните, старите и сиромашните, на помош, за многу години!

На третиот ден од празникот Божиќ светата православна црква го празнува споменот на светиот архиѓакон и првомаченик Стефан. Тој е наречен првомаченик затоа што...

Огромен пожар синоќа ја зафати фабриката на „Комодита“ 

Огромен пожар вчера го зафати објектот на фабриката „Комодита“ (Comodita) во градот Ѓаковица во Косово. Густиот чад и пламените јазици беа видливи од поголемиот дел на...

Исплата на 6,9 милиони евра КРЕДИТНА ПОДДРШКА ЗА КОМПАНИИТЕ

Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании. Со исплатата...

ФИНСКА – ЛИДЕР ПО НЕВРАБОТЕНОСТ, КАДЕ СЕ НАОЃА МАКЕДОНИЈА?

Европската карта на невработеност во ноември доби неочекуван пресврт. Земја што со години важеше за пример на стабилен и уреден пазар на труд, Финска,...
spot_img