30.9 C
Shtip
spot_img

Штип е подготвен за фудбалскиот спектакл!

Финалните подготовки се во тек, Штип и штипјани се подготвени да го прослават јубилејот 100 години фудбалски клуб Брегалница. Утре (петок) од 19:00 часот на градскиот стадион во Штип ќе се одигра ревијалниот меч помеѓу ветераните на штипска Брегалница и Црвена Ѕвезда од Белград.

Како што дознаваме, утре во текот на денот, после пладне ќе пристигне делегацијата од Белград во Штип. После прес-конференцијата која заеднички ќе ја одржат двете екипи, ветераните од двата фудбалски табори ќе положат свежо цвеќе на бистата на Драгослав Шекуларац во центарот на Штип. После завршувањето на фудбалкиот спектакл, актерите од натпреварот ќе имаат заедничка вечера организирана од општина Штип и градоначалникот Иван Јорданов. Инаку, тој, за време на натпреварот ќе додели плакети и благодарници на учесниците на настанот. Делегацијата од Белград и во сабота ќе претстојува во нашиот град. Организирана е заедничка дружба низ центарот на Штип и организирано следење на натпреварот од 4.коло од втората македонска фудбалска лига помеѓу екипите на Брегалница и Новаци.

Напоменуваме дека влезници за натпреварот освен во претпродажба, ќе можат да се купат и на влез, односно на билетарата на градскиот стадион непосредно пред почетокот на натпреварот.

━ повеќе содржини

Во недела во Штип – OldTimer Car Show!

Во недела со почеток од 11:00 часот Штип повторно ќе биде домаќин на една несекојдневна изложба која ќе ги обедини љубителите на автомобилската историја,...

Строг закон за коцкање: 500 метри подалеку од училишта

Со новиот закон што го изгласа Собранието, државата воведува серија забрани и ограничувања – од задолжително растојание од 500 местри од училишта до рестрикции...

Замрзнатото месо има рок на траење: еве колку долго може да се чува во замрзнувач

Правилното складирање на храната, особено месото, е исклучително важно за зачувување на нејзиниот квалитет и здравје. Иако замрзнувањето го продолжува рокот на траење, секој вид...

Весна го одгледува најскапиот зеленчук во светот: Килограм чини дури 20.000 долари

Додека многумина ја напуштаат селската средина во потрага по подобар живот, Весна Бошњак од населбата Омањска во Босна и Херцеговина останува верна на земјоделството...
spot_img