22.5 C
Shtip
spot_img

Штип е подготвен за прва титула во одбојка! Се спрема големо славје утре вечер во СЦ Јордан Мијалков!

Утре ќе има големо славје во градот под Исарот, одбојкарите на Штип УГД се на чекор од историска шампионска титула, во спортската сала „Јордан Мијалков“ повеќе од јасно е дека ќе биде исполнето секое столче со верните навивачи и љубители на одбојката.

Утре, петок со почеток од 19 часот се игра третиот меч од финалната серија, кој меч ако го добијат штипјани ќе ја освојат шампионската титула.

Штип УГД има водство од 2-0 во финалната серија, а со триумф на третиот меч ќе биде испишана голема историја не само за одбојкарскиот клуб Штип УГД туку и за колективниот спорт во градот под Исарот, бидејќи Штип УГД ќе биде првиот тим кој ги обединил двете титули – шампионската и Куп титулата.

Дефинитивно резултатски ако се гледа Штип УГД станува најуспешниот клуб во градот, кој покрај обединувањето на двете титули, оваа сезона за првпат излезе и во Европа каде исто така имаше и европска победа над норвешкиот Кол Ил.

Со добивањето и на спортскиот центар „Џексон“ одбојкарките ќе имаат нов современ дом каде ќе може да ги играат и европските натпревари пред својата верна публика, а тоа е потврда уште еднаш дека започнува доминацијата на штипјани во македонската одбојка, откако беше запрена доминацијата на струмичани.

Штип се подготвува за големо историско славје, тимот на Кристиан Ристески веќе утре може да ја испише големата клупска историја, само една победа во која повеќе од јасно е и дека ќе се случи, штипјани се фаворити, а на претходните два натпревари ја потврдија и оправдаат фаворитската улога со убедливи победи.

━ повеќе содржини

Строг закон за коцкање: 500 метри подалеку од училишта

Со новиот закон што го изгласа Собранието, државата воведува серија забрани и ограничувања – од задолжително растојание од 500 местри од училишта до рестрикции...

Замрзнатото месо има рок на траење: еве колку долго може да се чува во замрзнувач

Правилното складирање на храната, особено месото, е исклучително важно за зачувување на нејзиниот квалитет и здравје. Иако замрзнувањето го продолжува рокот на траење, секој вид...

Весна го одгледува најскапиот зеленчук во светот: Килограм чини дури 20.000 долари

Додека многумина ја напуштаат селската средина во потрага по подобар живот, Весна Бошњак од населбата Омањска во Босна и Херцеговина останува верна на земјоделството...

„РОАМИНГ КАКО ДОМА“ – највисок приоритет за Македонија, порача министерот Андоновски

Македонија да се приклучи кон европскиот режим „Роаминг како дома“ без одложување веднаш штом пристигне мислењето за предложената правна рамка, побара министерот за дигитална...
spot_img