17.1 C
Shtip
spot_img

Штип добива две нови катни гаражи со вкупно 140 паркинг места

Во близина на зградата „Промаја“ започнува изградбата на нова катна гаража со капацитет од 50 паркинг места, информираа од Општина Штип. Дополнително, до крајот на 2025 година е најавена и изградба на втора катна гаража позади зградата на Општината, која ќе обезбеди дополнителни 90 паркинг места.

Со овие два проекта, се очекува значително да се олесни проблемот со паркирање во централното градско подрачје, што претставува долгогодишен предизвик за жителите и посетителите на градот.

Проектите се дел од пошироката визија за урбанистички и инфраструктурен напредок на градот, велат од Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Штип.

━ повеќе содржини

ФК Брегалница со хуманитарна крводарителска акција!

Од маркетинг секторот во фудбалскиот клуб Брегалница известуваат дека започнуваат со реализација на проекти поврзани со општествената одговорност. Имено, во понеделеник (05.10) во соработка со...

Утре (01.10) започнува јубилејната 10-та Текстилијада!

Утре во Штип започнува јубилејното десетто издание на „Текстилијада“, кое од 1 до 3 октомври ќе понуди три дена исполнети со разговори, конференции, работнички...

Штипјанецот Коки Јанков со нов хит-сингл!

Кога љубовта е вистинска, човек сака саканата личност да биде покрај него во секое годишно време – а понекогаш, за приказната да биде целосна,...

EMIGRANTI Production објави мини-документарец за 12-годишниот Даријан Јакимов

Вчера во 18:00 часот по британско време, EMIGRANTI Production го објави новиот мини-документарец посветен на 12-годишниот Даријан Јакимов и неговото музичко патување од...

Заврши Golden Piano Talents натпреварот во Штип!

Седумдесет млади пијанисти од Кина, Италија, Полска, Турција, Грузија, Романија, Србија, Германија, Словенија, Бугарија и други земји настапија на петтото издание на Меѓународниот пијанистички...
spot_img