13.5 C
Shtip
spot_img

Штипјанка измамена за скоро 5.000 евра: Лажен директор на финансиско друштво ѝ ветил кредит

Жена од Штип пријавила дека била измамена за повеќе од 4.700 евра, откако лице кое се претставило како директор на финансиско друштво ја контактирало преку мобилна апликација и ѝ понудило помош околу подигнување кредит.

Случајот во СВР Штип го пријавила 42-годишната жена вчера во 15 часот, објави 4news.mk Според нејзината пријава, измамникот се претставил како директор на финансиско друштво, а со неа стапил во контакт со цел да ѝ помогне да подигне кредит во име на нејзин пријател.

Откако ја убедил дека станува збор за легитимна постапка, со прикажување на лажни факти, од жената побарал по различни основи да уплаќа пари на повеќе сметки во странство.

Таа ги реализирала уплатите, а за целиот случај бил запознаен и нејзиниот пријател. Дури потоа дознала дека била измамена и случајот го пријавила во полиција.

━ повеќе содржини

ФК Брегалница со хуманитарна крводарителска акција!

Од маркетинг секторот во фудбалскиот клуб Брегалница известуваат дека започнуваат со реализација на проекти поврзани со општествената одговорност. Имено, во понеделеник (05.10) во соработка со...

Утре (01.10) започнува јубилејната 10-та Текстилијада!

Утре во Штип започнува јубилејното десетто издание на „Текстилијада“, кое од 1 до 3 октомври ќе понуди три дена исполнети со разговори, конференции, работнички...

Штипјанецот Коки Јанков со нов хит-сингл!

Кога љубовта е вистинска, човек сака саканата личност да биде покрај него во секое годишно време – а понекогаш, за приказната да биде целосна,...

EMIGRANTI Production објави мини-документарец за 12-годишниот Даријан Јакимов

Вчера во 18:00 часот по британско време, EMIGRANTI Production го објави новиот мини-документарец посветен на 12-годишниот Даријан Јакимов и неговото музичко патување од...

Заврши Golden Piano Talents натпреварот во Штип!

Седумдесет млади пијанисти од Кина, Италија, Полска, Турција, Грузија, Романија, Србија, Германија, Словенија, Бугарија и други земји настапија на петтото издание на Меѓународниот пијанистички...
spot_img