Триесет и двегодишна жена од Штип била приведена викендов по пријава дека влегла во куќа во Куманово, била агресивна и не сакала да си замине.
На 23.08.2026 во 01:30 часот, полициски службеници од СВР Куманово ја приведоа С.А.(32) од Штип, постапувајќи по претходна пријава дека истиот ден влегла во куќа на улица „Железничка“ во Куманово и се однесувала агресивно кон И.Р.(41) и Н.Н., по што не сакала да си замине, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, таа била приведена во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесен соодветен поднесок.







