28.1 C
Shtip
spot_img

Штипјанката Андреа Нисева денес ќе се бори за злато!

Младата борачка Андреа Нисева обезбеди место во големото финале на Европското првенство до 17 години, кое се одржува во Самоков, Бугарија, откако имаше одличен настап и низа убедливи победи во категоријата до 61 килограм.
Нисева уште од стартот покажа дека е подготвена за висок пласман. На патот до финалето најпрво беше подобра од Теа Донева со убедливи 10-0, а потоа ја совлада и Марија Хрушчова од Белорусија со 4-1. Во четвртфиналето славеше и против Грузијката Ана Церетели со резултат 8-3.
Во полуфиналната борба македонската репрезентативка ја надигра Сурае Мирац Абасој, Азербејџанка која настапува за Финска, победувајќи со 6-4 и така обезбеди место во борбата за европската титула.
Денес, Нисева ќе излезе на душекот во финалето каде ќе се соочи со турската борачка Озденур Озмез во битка за златниот медал.
Благодарение на пласманот на Нисева во финалето, Теа Донева доби можност да настапи во репасажот, каде ќе се бори против Хрушчова од Белорусија, додека Фросина Атанасова го заврши настапот без шанса за репасаж.

━ повеќе содржини

Во недела во Штип – OldTimer Car Show!

Во недела со почеток од 11:00 часот Штип повторно ќе биде домаќин на една несекојдневна изложба која ќе ги обедини љубителите на автомобилската историја,...

Строг закон за коцкање: 500 метри подалеку од училишта

Со новиот закон што го изгласа Собранието, државата воведува серија забрани и ограничувања – од задолжително растојание од 500 местри од училишта до рестрикции...

Замрзнатото месо има рок на траење: еве колку долго може да се чува во замрзнувач

Правилното складирање на храната, особено месото, е исклучително важно за зачувување на нејзиниот квалитет и здравје. Иако замрзнувањето го продолжува рокот на траење, секој вид...

Весна го одгледува најскапиот зеленчук во светот: Килограм чини дури 20.000 долари

Додека многумина ја напуштаат селската средина во потрага по подобар живот, Весна Бошњак од населбата Омањска во Босна и Херцеговина останува верна на земјоделството...
spot_img