10.7 C
Shtip
spot_img

Штипјани знаат да прават бизнис! Кои се најуспешните компании во „Градот под Исарот“?

Штип може да се пофали дека најголемата компанија со седиште во најголемиот град на македонскиот исток е домашно поседувана. И не само тоа. Основана е локално, домашен гринфилд и понатаму расте. Во штипската економија значајно место имаат странските гринфилд инвестиции, но и други домашни реномирани и етаблирани компании.

Штип е најголемиот град во Источна Македонија. Градот под Исарот, ридот што го дели градот и славното Ново Село, бил и е политички, економски, културен, музички и спортски, образовен и здравен центар на целиот македонски исток. Штип има универзитет, клинички центар, еден од најпознатите музички фестивали, го има најслушаното национално радио. Штип е и гурмански центар зашто цела Македонија, но и регионот ја знаат, признаваат и конзумираат штипската пастрмајлија. 

Штип секогаш бил источниот светилник за македонската национална борба за независност. Особено од времето кога во него учителствувал Гоце Делчев, најголемиот наш револуционер, а во него се родени и делувале и најголемиот војвода на организацијата, контроверзниот Тодор Александров и „гуруто“ на балканскиот тероризам и веројатно најконтроверзниот роден Македонец со бугарска самосвест – Ванчо Михајлов. Штип е горд како град во кој е роден еден од најголемите македонски поети Ацо Шопов. 

Во најновата историја на независна Македонија Штип е градот што дал еден претседател и двајца премиери на нашата независна држава, еден голем генерал, еден светски признат кардио хирург, но и мнозина општественици, дејци и творци. Штип е градот што изнедрил носител на олимписки медал во борење слободен стил, а го трасирал и патот на ексјугословенската фудбалска легенда Шекуларац кој играл во штипска „Брегалница“.

Економски гледано Штип не е македонски Манчестер иако некогаш и бил. Штипската економија порано била базирана на текстилните гиганти и нивните добавувачи и супортери. Сега сликата е многу поразлична, иако Штип и сега има силна текстилна индустрија. Во последниве години економска локомотива на штипската композиција е силната метална индустрија, национален кабелски и интернет оператор, големи дистрибутерски и трговски компании. Штип има и неколку големи и силни компании за логистика и за товарен транспорт.

Кои се најголемите штипски компании?

Индустријата за метални конструкциии „Актива“ е број еден според приходи. Од регистарот на компании кои 2024 година ја завршиле со добивка таа е фирма и со најголем број вработени, вкупно 526 лица на крај на 2024 година.

За нијанса помал приход има странската инвестиција за термички компоненти наменети за бојлери – „Кондево“ од Италија.

По „Актива“ најголема штипска домашно и локално поседувана компанија е „Оаза Екстра – Скопско“ која интегрира производство, дистрибуција и трговија, угостителство.

Во најголемите пет штипски компании според приход се уште странскиот гринфилид „Техникал Текстајлс“ кој е специјализиран за примена на фиберглас во авионска, градежна и автомобилска индустрија и веројатно најголемата компанија за логистика на македонскиот исток – Квенбергер.

Во најголемите десет штипски компании лани покрај етаблираните „Телекабел“, кондиторската индустрија „Стел Импекс“, „Мегапласт“ – специјалистите за сите комбинации стакло со ПВЦ и алуминиум и глобално популарните „Мејер и Мејер“ вреди да се напомене и локалната иноваторска фирма КТМ Енерџи солушнс специјализирана за проектирање и инсталација на централи за производство на струја од обновливи извори.

━ повеќе содржини

ФК Брегалница со хуманитарна крводарителска акција!

Од маркетинг секторот во фудбалскиот клуб Брегалница известуваат дека започнуваат со реализација на проекти поврзани со општествената одговорност. Имено, во понеделеник (05.10) во соработка со...

Утре (01.10) започнува јубилејната 10-та Текстилијада!

Утре во Штип започнува јубилејното десетто издание на „Текстилијада“, кое од 1 до 3 октомври ќе понуди три дена исполнети со разговори, конференции, работнички...

Штипјанецот Коки Јанков со нов хит-сингл!

Кога љубовта е вистинска, човек сака саканата личност да биде покрај него во секое годишно време – а понекогаш, за приказната да биде целосна,...

EMIGRANTI Production објави мини-документарец за 12-годишниот Даријан Јакимов

Вчера во 18:00 часот по британско време, EMIGRANTI Production го објави новиот мини-документарец посветен на 12-годишниот Даријан Јакимов и неговото музичко патување од...

Заврши Golden Piano Talents натпреварот во Штип!

Седумдесет млади пијанисти од Кина, Италија, Полска, Турција, Грузија, Романија, Србија, Германија, Словенија, Бугарија и други земји настапија на петтото издание на Меѓународниот пијанистички...
spot_img