28 C
Shtip
spot_img

Штипските гимназијалци најдобри на натпреварот по филозофија

Секоја година средношколците од СОУ Гимназија „Славчо Стојменски” во Штип се првопласирани на натпреварот по филозофија, кој оваа година се одржа на Филозофскиот факултет во Скопје. Оваа година со 94 поени, убедливо првото место на натпреварот го освои ученичката Мила Кралева. Не секогаш мотивацијата за натпреварот е победата, но во нејзиниот случај таа е најдобар показател за нејзината љубов кон филозофијата. Покрај Мила, други ученици кои се стекнат со учество на Македонскиот натпревар за Меѓународна филозофска олимпијада,  која ќе се одржи на 29 март, се и средношколците: Игор Христовски, Марио Ванчоски и Бисера Манова.

„Науката е таа силна страна која секогаш пулсира во мене. Желбата за знаење се зголеми уште повеќе со учењето на најубавата интелектуална дејност,  филозофијата. Љубовта кон мудроста значи создавање посветени, одговорни и креативни личности. Создавање вистински ,,софоси”. Посебен поттик за пријавување на натпреварот беше професорката. Нејзината мотивација беше толку гласна како и постигнатиот успех. Нашата победа е нејзина заслуга“, вели Мила Кралева.

Кај повеќето од младите, љубовта кон предметот најмногу зависи од посветеноста и пристапот на самиот професор, на каков начин професорот ќе го преточи своето знаење врз учениците зависи и нивниот успех. Резултатите на натпреварите не зависат само од индивидуалната посветеност на учениците, туку и од посветеноста на самите професори кои имаат широк спектар на знаења во својата област.

„Освојувањето на првите места е позната карактеристика на учениците на професорката Данка Јовева. Ова е резултат на нејзината посветеност и постојаната мотивација која професорката ни ја дава на нас учениците. Постојано работи со нас на различни филозофски проблематики и невозможно е да има нејаснотии, бидејќи таа формира посебен пристап до нас, учениците, за брзо учење и лесно паметење на клучни елементи од областа на филозофијата. Како професор, а подоцна и како пријател, само преку ваква поставеност на професорите кон учениците, можат да се постигнат највисоките резултати на кои било натпревари. Професорката Данка е професор кој те учи како да уживаш во учењето на она што го сакаш и како да го сакаш она што го учиш“, вели Бисера Манова.

Секој од учесниците на натпреварот имаат некои свои очекувања, за некои тоа е само заедничкото дружење, додека за други стекнување на нови знаења или победа. Но, сопствениот успех не треба да се мери со победа, напротив со учеството на натпреварот најпрво треба да бидеме задоволни сами со себе и можноста за учество на државен натпревар.

„Дружењето за време на подготовките беше навистина интересно и дефинитивно тоа ќе биде еден од многуте спомени по којшто ќе го паметам овој натпревар. Целокупниот труд којшто го вложивме ние и професорката резултираше со високите резултати коишто ги постигнавме. Учеството на овој натпревар беше едно прекрасно искуство преку кое стекнавме огромно знаење“, вели Марио Ванчоски”.

Олимпијадата се состои од пишување есеј на странски јазик  на различни теми поврзани со филозофијата. Оние ученици од Македонија кои ќе се првопласирани ќе добијат можност да заминат во Бари, Италија и ќе ја претставуваат нашата земја.

Автор – Љубица Жежова

━ повеќе содржини

Лекот “Фостер” повторно достапен во аптеките ширум земјата!

И другите лекови што ги содржат истите активни компоненти и се користат во третманот на хроничната опструктивна белодробна болест (ХОББ) може да се земат...

Познатиот македонски рапер го истетовира ликот на Панчо во знак на почит!

Македонскиот рапер Христијан Тасковски, познат како Таско, на неверојатен начин му оддаде почит на Владимир Блажев – Панчо, кој трагично го загуби животот по неколкумесечна борба со повредите ...

Фудбалска “бомба” во Штип!

Матеј Ангелов е нов играч на Брегалница! Тој е повратник во плавиот дрес, со оглед на фактот дека кариерата ја започна во својата матична...

После 30 години од смртта на Tupac, ново судско рочиште за утврдување на вина

Во пресрет на судењето на Дуан Кеф Д. Дејвис, закажано за 10 август, деталите за пукањето во Лас Вегас во 1996 година, во кое...

Се снима “Мравки” – нов Македонски игран филм!

Режисерот Марјан Гавриловски почна со снимањето на вториот долгометражен игран филм „Мравки“. Сценариото е на Никола Кузелов, продуцент е Ромир Јакупи, а директор на...
spot_img