25.4 C
Shtip
spot_img

Штипскиот “Питагора” Дамјан Давков дел од тимот кој освои сребро на ИОИ во Узбекистан

Овогодишното издание е прво одржување на ИОИ во Узбекистан, а Македонија повторно се претстави со извонредни резултати на највисокото светско ниво. Македонскиот тим го сочинуваат натпреварувачите Дамјан Давков од Штип, Владимир Грчев од Кочани, Никола Стојковски од Скопје и Виктор Максимоски од Гостивар, предводени од тим лидерите д-р Миле Јованов и д-р Емил Станков од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ). Во исклучително силна меѓународна конкуренција, Дамјан Давков, освои сребрен медал, додека Владимир Грчев и Никола Стојковски освоија бронзени медали. Виктор Максимоски, пак, освои олимписка пофалба.

Учениците кои се дел од македонскиот тим за ИОИ 2026 беа избрани преку целогодишен циклус натпревари, којшто редовно се организира од Здружението на информатичарите на Македонија (ЗИМ), а оваа година се одржуваше по 37-ми пат. Натпреварите се одржуваат преку системот mendo.mk кој е достапен во текот на целата година за сите заинтересирани натпреварувачи. И годинава, циклусот натпревари беше организиран со поддршка на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), како и неколку општествено одговорни компании: Сорсикс, Нетцетера и Семос едукација.

Посебно значење има успехот на Дамјан Давков, ученик од Математичко-информатичката гимназија, за кого ова е трет последователен сребрен медал на олимпијада, а во првото од неговите 4 учества освои бронзен медал. Со новиот успех, Давков се издвојува како најуспешниот македонски учесник во историјата на ИОИ, со вкупно четири медали од ова престижно натпреварување.

━ повеќе содржини

Штипјанката Билјана Донева го освои Grossglockner – искачи 3.798 метри на највисокиот врв во Австрија

Штипјанката Билјана Донева запиша уште едно значајно планинарско достигнување, успешно искачувајќи го Grossglockner, највисокиот врв во Австрија, висок импресивни 3.798 метри.Донева до врвот стигна...

Света Петка ѝ се јавила во сон – приказната за светата вода кај штипското село Аргулица

Во близина на штипското село Аргулица, во атарот на Општина Карбинци, стои светото место посветено на Света Петка Параскева. Манастирската црква „Св. Петка“ и...

Штипјанец ја прави најдобрата ракија во светот: Ракијата „Бараба“ е прогласена за најдобра во светот на меѓународен натпревар во Лондон!

Ракијата Бараба е прогласена за најдобрата ракија во светот на меѓународен натпревар во Лондон, а технологот кој ја произведува е Александар Рунчев од Штип. IWSC...

Полицијата во Штип приведе 29-годишна жена со марихуана

На 05.09.2026 во 22:45 часот на ул. „Тодор Чучков“ во Штип, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР...

Лигата на шампионите доаѓа во Штип!

Одбојкарскиот клуб Штип УГД, кој за прв пат лани ја освои двојната круна во првенството и купот, годинава премиерно ќе настапува во одбојкарската Лига...
spot_img