18 C
Shtip
spot_img

Штипскиот пејач и артист Дарко Андонов – ДААН го продолжува делото на својот познат покоен татко – музичка почит и продолжување на едно семејно наследство

Поп-рок балада што носи силна емоционална тежина и симболично значење, како чин на почит и сеќавање.

Со песната „Крајот е спас“ македонскиот артист и музички продуцент Дарко Андонов – ДААН, претставува длабоко личен музички проект. Станува збор за преработка на композиција од групата „Три пати на ден“, бендот во кој творел неговиот покоен татко.

„Оваа песна за мене не е само музика, туку разговор со минатото и начин да го зачувам она што татко ми го остави зад себе“, вели Андонов.

„Сакав да ѝ дадам нов живот, но без да ја нарушам нејзината суштина.“

Во „Крајот е спас“ целосно се задржани оригиналната мелодија и текст, додека интервенцијата е направена исклучиво на аранжмански план. Современиот звук внимателно е изграден така што ја надополнува, а не ја заменува емоцијата на оригиналната верзија, создавајќи мост помеѓу минатото и сегашноста.
Песната зборува за загубата, прифаќањето и внатрешното помирување, но и за силата на музиката како средство за поврзување на генерациите.

„Не чувствував потреба да менувам зборови или мелодија, тие веќе кажуваа сè. Моја задача беше само да ги облечам во звук што ѝ припаѓа и на денешницата“, додава тој и нагласува дека аранжманот е работен со Кире Јакимов кој што исто така беше задолжен и за Миксинг и мастеринг на финалното аудио.

Музичкото видео за „Крајот е спас“ е веќе објавено на Јутјуб и е реализирано со помош на вештачка интелигенција (AI). Во видеото се рекреирани сцени од легендарното студио на МРТ каде групата “Три пати на ден” го има снимено својот прв албум во 1991 година. Визуелниот приказ преку симболични и атмосферични сцени ја следи емоцијата на песната и ја засилува нејзината порака, без буквални наративи, оставајќи простор за лично доживување кај публиката.

Потсетуваме, на неодамнешниот јубилеен Макфест 2025, Дарко исто така пееше песна од групата и тоа легендарната “Тања” која ја изведе во ревијалниот дел заедно со Емил Канаваро и Александар Михаилов членови на оригиналниот состав на групата „Три пати на ден“.

Со овој проект, Дарко Андонов – ДААН не само што му оддава почит на својот татко Славе Андонов и неговото творештво, туку и покажува дека музиката може да биде живо наследство, нешто што продолжува да постои, да се развива и да зборува, дури и кога зборовите одамна стивнале.

━ повеќе содржини

Првомајски снежен пикник на Златибор и Копаоник!

Златибор и Копаоник осамнаа утрово под снегот што сè уште вее. На Копаоник, во 7 часот, температурата беше измерена на минус 3 степени. Во моментот...

Општина Штип продава три градежни парцели за лесна индустрија и стовариште во Плуждино

Три градежни парцели во месноста Плуждино се продаваат преку јавно надавање. Секретарот на општина Штип, Вишна Шорова-Ангелова денеска информираше дека Општината ја објави втората...

Слабеењето не е магија – Една и единствена формула за губење на килограмите!

Слабеењето често се доживува како краткорочен процес, но вистинскиот предизвик е одржување на постигнатата тежина. Според експерти од областа на исхрана и фитнес, постои...

Од бравар до Mаршал: животот на Јосип Броз Тито меѓу скромност и луксуз

Роден на 7 мај 1892 година во селото Кумровец, во тогашната Австроунгарска, Јосип Броз Тито потекнува од скромно, мешано хрватско-словенечко семејство. Неговиот животен пат...

“Пештерата на кристалите” – место во кое не смеете да останете подолго од 15 минути

Длабоко под планината Сиера де Наика, во мексиканската сојузна држава Чивава, се наоѓа едно од најнеобичните природни чуда во светот – пештера исполнета со...
spot_img