12.9 C
Shtip
spot_img

Шахот како спортска дисциплина се издига на ново, повисоко ниво во Штип

За првпат шахот како спортска дисциплина се воведува во рамки на манифестација „Пролетни денови на училишниот спорт“ која се реализира во соработка на Сојузот на училишен спорт на Штип и општина Штип.

Покрај футсал, одбојката, баскет 3 на 3, а како што претходно најави и претседателот на Сојузот на училишен спорт на Штип, Зоран Арсов од оваа година се воведува и шахот, а денес беа првите шаховски натпревари кои се одржаа во спортската сала на Државното средно училиште „Коле Нехтенин“.

„Покрај футсалот за средношколците и одбојка за основците, се воведуваат и натпреварите во шах. Масовност имаме, значи имаме посебно две категории во шахот, од прво до деветто одделение и средношколци од прва до четврта година“, вели Антонио Киров за М Нет.

Како што вели професорот Антонио Киров интерес за шахот има, а потврда е тоа што од година во година бројот се зголемува.

„Моментално се опфатени сите основци и средни училишта, вкупниот број моментално на учесници е 32 и секоја година има се поголема учество од страна на учениците кон шахот. Благодарение на соработката на шаховскиот клуб Нов Напредок од Штип, што ни излегува во пресрет за да можеме да го организираме овој настан“, дополува професорот Киров.

Седумгодишна возраст е најидеална возраст да се започне со шах, а интерес има и кај девојчињата.

„Идеална возраст за децата да започнат со шахот е од седум години, бидејќи тогаш е најмали, најбрзо впиваат во мозокот, највеќе паметат, како „сунгери“. Инаку, шаховскиот клуб Нов Напредок со мали деца секој вторник и четврток од 19 часот до 21 часот и јас сум тука со нив и работам со децата. Има интерес и во клубот, доаѓаат дечиња, коишто учат шах. Инаку, гледам дека кај основците почнува да се развива посебен интерес и кај девојчињата за играње на шах“, ни изјави Киров.

Денешниот настан е потврда за најголемата масовност кај основците и средношколците кога е во прашање шахот, вели секретарот на шаховскиот клуб Нов Напредок, Донче Јорданов.

„Да ви кажам многу сум задоволен од овој турнир бидејќи овој е досега најмасовен. Добро е што шахот се вклучува и во училишниот спорт, а ние како клуб полека ја остваруваме целта, шахот влезе во порите на училиштата. Сепак, тоа е иднината и тука се собрани и основци и средношколци, а бројот на натпреварувачи постојано се зголемува“, вели Донче Јорданов, кој е секретар на шаховски клуб Нов Напредок од Штип.

Во изминатите неколку години интересот за шахот во градот под Исарот постојано расте, а за што потврда е големиот број на натпреварувачи кои учествуваат на шаховските турнири кои се организираат по повод 8-ми ноември, Денот на ослободувањето на градот Штип, патрониот празник на Државното средно училиште „Коле Нехнитен“, како и шаховскиот турнир на Нов Напредок.

━ повеќе содржини

ФК Брегалница со хуманитарна крводарителска акција!

Од маркетинг секторот во фудбалскиот клуб Брегалница известуваат дека започнуваат со реализација на проекти поврзани со општествената одговорност. Имено, во понеделеник (05.10) во соработка со...

Утре (01.10) започнува јубилејната 10-та Текстилијада!

Утре во Штип започнува јубилејното десетто издание на „Текстилијада“, кое од 1 до 3 октомври ќе понуди три дена исполнети со разговори, конференции, работнички...

Штипјанецот Коки Јанков со нов хит-сингл!

Кога љубовта е вистинска, човек сака саканата личност да биде покрај него во секое годишно време – а понекогаш, за приказната да биде целосна,...

EMIGRANTI Production објави мини-документарец за 12-годишниот Даријан Јакимов

Вчера во 18:00 часот по британско време, EMIGRANTI Production го објави новиот мини-документарец посветен на 12-годишниот Даријан Јакимов и неговото музичко патување од...

Заврши Golden Piano Talents натпреварот во Штип!

Седумдесет млади пијанисти од Кина, Италија, Полска, Турција, Грузија, Романија, Србија, Германија, Словенија, Бугарија и други земји настапија на петтото издание на Меѓународниот пијанистички...
spot_img