15.4 C
Shtip
spot_img

ЧЕТИРИ ГРАДА САКААТ ДА БИДАТ ДОМАЌИНИ НА ЕВРОВИЗИЈА 2027 ВО БУГАРИЈА

Бугарија ги започна подготовките за организација на Евровизија 2027, по победата на младата пејачка Дара (фото) со песната „Бангаранга“ во Виена. Министерот за култура Евтим Милошев изјави за бугарската национална телевизија БРТ дека подготовките веќе се во тек.

Софија, Бургас, Пловдив и Варна веќе покажале сериозен интерес да бидат домаќини на најголемиот музички спектакл во Европа, а конечната одлука ќе ја донесе Европската радиодифузна унија врз основа на инфраструктурата, логистиката и условите што ги нуди секој град. Бугарија првпат ќе биде домаќин на Евровизија, откако претходно беше организатор само на нејзината детска верзија во 2015.

Министерот Милошев кажа дека земјата е подготвена да организира настан од светски ранг.

„Убеден сум дека Бугарија ќе се претстави исклучително добро. Зборуваме за организација на самиот музички натпревар, избор на сала, безбедност, логистика, маркетинг и промоција. Домаќинството на Бугарија ќе биде на ниво на Австрија“, рече Милошев.

По победата на Дара, БРТ објави дека следното издание на Евровизија ќе се одржи во Софија, која располага со развиена инфраструктура, добра меѓународна поврзаност и голема арена. Сепак, Бургас, Пловдив и Варна исто така испратиле амбициозни кандидатури.

━ повеќе содржини

ФК Брегалница со хуманитарна крводарителска акција!

Од маркетинг секторот во фудбалскиот клуб Брегалница известуваат дека започнуваат со реализација на проекти поврзани со општествената одговорност. Имено, во понеделеник (05.10) во соработка со...

Утре (01.10) започнува јубилејната 10-та Текстилијада!

Утре во Штип започнува јубилејното десетто издание на „Текстилијада“, кое од 1 до 3 октомври ќе понуди три дена исполнети со разговори, конференции, работнички...

Штипјанецот Коки Јанков со нов хит-сингл!

Кога љубовта е вистинска, човек сака саканата личност да биде покрај него во секое годишно време – а понекогаш, за приказната да биде целосна,...

EMIGRANTI Production објави мини-документарец за 12-годишниот Даријан Јакимов

Вчера во 18:00 часот по британско време, EMIGRANTI Production го објави новиот мини-документарец посветен на 12-годишниот Даријан Јакимов и неговото музичко патување од...

Заврши Golden Piano Talents натпреварот во Штип!

Седумдесет млади пијанисти од Кина, Италија, Полска, Турција, Грузија, Романија, Србија, Германија, Словенија, Бугарија и други земји настапија на петтото издание на Меѓународниот пијанистички...
spot_img