16 C
Shtip
spot_img

Харис Џиновиќ: „СУМ НАСТАПУВАЛ НА МЕСТА КАДЕ ШТО ПОЖАР МОЖЕ ДА ИЗБИЕ ЗА 1 СЕКУНДА“

Харис Џиновиќ изрази сочувство за трагедијата во Кочани и сподели дека и самиот настапувал на места каде што може да избие пожар во секунда, објави српски Телеграф.

– Како да гледам на трагедија во која млади луѓе загинаа без причина, поради невнимание на другите. Мислам… Во вакви ситуации нема што да се каже. Млади загинаа, а и постари, но кога има таква ситуација и таква трагедија, нема што многу да се каже – изјави Харис за Гранд.

Пејачот истакна дека за жал на поширокиот Балкан има клубови кои не се соодветно опремени со противпожарни излези и системи.

– За жал, премногу такви нешта сум видел во мојата кариера. Пеев по разни клубови, па дури и во дупки, што знам, не знам каде сѐ не сум бил. Имало на што да се работи за да се создаде безбедна ситуација и за да се подигне нивото на безбедност за сите присутни таму. Треба да работиме на тоа, но… За сè заостануваме – објасни Џиновиќ.

Харис, исто така, откри дека понекогаш самите изведувачи се прашуваат дали е безбедно да настапат некаде, кога станува збор за условите за заштита од пожари на одредени места, а тоа сликовито го објасни.

– Обично мора нешто да се случи за да реагираат луѓето. Тоа е она што ме нервира цел живот. Значи треба да почекате нешто. Ќе почине човек, велат дека никогаш не бил на лекар. Па затоа и умрел бидејќи не отишол на лекар. Мора да почекате, да видите дали ви треба нешто, дали нешто ве мачи, дали нешто ви прави проблеми во телото. Колата ја носиш на механичар или на технички преглед зашто не можеш да ја регистрираш, а не се носиш самиот на лекар. И тогаш одите на лекар кога нешто ќе ви се случи, кога можеби е предоцна. И ова е нешто што задоцни, се случи и заврши. Требаше да има предупредување за овие нешта, да се направи ревизија, и тогаш веројатно ова немаше да се случи – изјави Харис Џиновиќ.

Целиот свет во неделата го потресе невидена трагедија која Кочани го зави во црнина. За време на настапот на групата ДНК во дискотеката „Пулс“ избувна пожар во кој околу 200 луѓе се повредени, а 59 загинаа.

━ повеќе содржини

РЕКОРДНИ 22,2 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА НАУКАТА ВО 2026 ГОДИНА Ќе се трошат за научни проекти, конференции, стипендии, објавување трудови…

Науката е столб на општествениот развој и затоа во 2026 година буџетот за наука ќе изнесува 1,37 милијарда денари (22,2 милиони евра) со кои...

Што значи кога ќе се запали „Check Engine“ ламбичката?

Многу возачи панично реагираат кога ќе се запали жолтата ламбичка со натпис „Check Engine“ на контролната табла, но тоа не мора секогаш да значи...

Објавен е трејлер за филмот за Мајкл Џексон- 30 милиони прегледи за шест часа

Иако постојано се зборуваше за проблематичната продукција на овој филм, се чини дека трејлерот ја воодушеви публиката, а само за првите шест часа беше...

РСБСП со нова кампања за техничката исправност на возилата

Редовното одржување и техничката исправност на моторните возила преставува клучен предуслов за безбедно учество во сообраќајот. Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата ја...

Доделени 8-мо номеврските награди!

На свечена седница денеска беа доделени 18 осмоноемвриски признанија во Штип по повод ослободувањето на градот 8 Ноември. Заслужни граѓани, институции, здруженија, граѓански организации...
spot_img