11.9 C
Shtip
spot_img

Фудбалскo уживање во Свети Николе по повод 100 години Овче Поле – пријателски меч со ветераните на Брегалница

Фудбалски хепенинг во Свети Николе по повод 100 години од постоењето на фудбалскиот клуб Овче Поле. По тој повод на 26 октомври ќе биде одигран пријателски натпревар меѓу ветераните на Овче Поле и ветераните на Брегалница од Штип.

Со овој натпревар Овче Поле кој сега се натпреварува во Трета лига – Исток ќе го одбежели овој голем настан во клупската историја со ревијален фудбалски натпревар кој ќе започне во 14 часот.

Претходно, клубот од Свети Николе одигра пријателски натпревар со најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар, што беше увертира на прославата на Овче Поле по повод еден век постоење.

━ повеќе содржини

EMIGRANTI на штипјанецот Влатко Јакимов во нов сингл!

Хип-Хоп групацијата во Лондон, предводена од штипскиот музички артист Влатко Јакимов вчера го објави својот нов сингл "Татко и син" во кој Влатко настапува...

ГКК Штип се засили со бек од Соединетите Американски Држави

Новиот член на најдобрата македонска кошаркарска конкуренција ГКК Штип ги засили своите редови со бек од Соединетите Американски Држави. Се работи за 24-годишниот Лангстон Лав...

Штипјанката Ива Колева со историски деби настап во сениорската репрезентација

Историски момент за штипската кошарка! Седумнаесетгодишната Ива Колева стана првата штипјанка која добила повик во сениорската женска кошаркарска репрезентација на Македонија, испишувајќи нова страница...

Професорката на УГД Јаневиќ-Ивановска одликувана со орден во Франција

Професорката Емилија Јаневиќ-Ивановска, која предава на студиската програма по фармација на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, доби значајно француско признание за својата академска и...

Вечерва: Традиционална ноќна трка по повод Денот на ослободувањето на Штип

Штип вечерва повторно ќе биде во знакот на спортот, традицијата и одбележувањето на еден од најзначајните датуми во историјата на градот. По повод 8...
spot_img