22.2 C
Shtip
spot_img

ФК Брегалница има нов сопственик, стручен штаб и нов ростер

Во текот на вчерашниот ден, фудбалскиот клуб Брегалница на прес конференција го официјализира новиот сопственик од Р.Турција г-дин Муран Шамил Шен. Тој ќе поседува 85% од акциите на клубот и ќе ги има сите ингеренции за функционирањето на клубот и клубската инфраструктура. На пресот беше најавен и новиот тренер, штипјанецот Влатко Костов.

На прес-конференцијата говореше градоначалникот на општина Штип, г-дин Иван Јорданов, кој со гордост најави дека годинава дресот на штипскиот второлигаш ќе го носат многу штипски фудбалери, кои во минатото настапувале во сино-белиот дрес. Исто така, Јорданов најави дека услов за продажбата на клубот бил ФК Брегалница да се наптреварува во најсилните 2 лиги во Македонското провенство.

Од свои извори, vostip.mk дознава дека дел од ростерот се: Стефан Коцев, Стефан Костов, Мартин Димоски, Дарко Алексовски, Горан Силјановски, Дарко Карчески, Филип Гачевски, Бобан Георгиев, Анџело Николовски, Дино Михолов…

━ повеќе содржини

Строг закон за коцкање: 500 метри подалеку од училишта

Со новиот закон што го изгласа Собранието, државата воведува серија забрани и ограничувања – од задолжително растојание од 500 местри од училишта до рестрикции...

Замрзнатото месо има рок на траење: еве колку долго може да се чува во замрзнувач

Правилното складирање на храната, особено месото, е исклучително важно за зачувување на нејзиниот квалитет и здравје. Иако замрзнувањето го продолжува рокот на траење, секој вид...

Весна го одгледува најскапиот зеленчук во светот: Килограм чини дури 20.000 долари

Додека многумина ја напуштаат селската средина во потрага по подобар живот, Весна Бошњак од населбата Омањска во Босна и Херцеговина останува верна на земјоделството...

„РОАМИНГ КАКО ДОМА“ – највисок приоритет за Македонија, порача министерот Андоновски

Македонија да се приклучи кон европскиот режим „Роаминг како дома“ без одложување веднаш штом пристигне мислењето за предложената правна рамка, побара министерот за дигитална...
spot_img