6.7 C
Shtip
spot_img

ФК Брегалница ги претстави последните две засилувања пред почетокот на пролетниот дел

Аљбан Мемеди и Никола Талески се двајцата играчи со кои се заокружи списокот на играчи на кои ќе смета Влатко Костов, шеф на стручниот штаб, во продолжението од сезоната во втората Македонска фудбалска лига.

Станува збор за двајца фудбалери од офанзивната линија, кои ќе ја засилат конкуренцијата во нападот. Фудбалскиот клуб Брегалница моментално го завзема третото место на табелата во ВМФЛ, со големи амбиции за враќање во елитното друштво.

Пролетниот дел од сезоната започнува на 21.02.2026, а Брегалница во првото коло гостува во Гевгелија, на Кожуф. Претходно, утре (14.02.2026) во Неготино ќе ја одигра последната генералка пред почетокот на првенството против екипата на Вардар Неготино.

━ повеќе содржини

Ордан Зарински од Штип е добитник на стан во Скопје од инстант лозот на Државна лотарија

Стан во Скопје од инстант лозот „Доме сладок доме“ за Ордан Зарински од Штип Ордан Зарински од Штип освои стан во Скопје од инстант лозот...

За прв пат во Штип: Вински салон-фестивал! Спој на квалитетна капка вино, отменост, елеганција…

На 21.март годинава, Штип за прв пат ќе биде домаќин на еден настан посветен на винската култура. По пандан на големите европски метрополи, Штип...

Во тек се пријавите за второто издание на „Вардиште Траил“ во Штип

На 29 март ќе се одржи второто издание на „Вардиште Траил“ во Сончев Град во Штип, а во организација на клубот Ултра. Во тек...

Владата ја поздрави инвестицијата на „Актива Штип“ во нови производствени капацитети

Новите инвестиции во производствените капацитети на компанијата „Актива Штип“ носат значајна додадена вредност за македонската и локалната економија, беше истакнато при посетата на фабриката,...

Девојките од ОК Младост УГД газат сѐ пред себе

"Повторно голема победа од 3:1 против ланскиот шампион Јанта Волеј од Скопје! Денес одбележавме посебен резултат за нашиот клуб – пласман во завршниот турнир на...
spot_img