9.5 C
Shtip
spot_img

УЈП: МојДДВ не се укинува – налозите за исплата во февруари се подготвуваат

Управата за јавни приходи ги демантира написите во дел од медиумите дека се укинува мерката МојДДВ.

„Јасно и недвосмислено истакнуваме дека не постои одлука за укинување на МојДДВ – мерката се спроведува континуирано, а сите граѓани можат да ја користат апликацијата и да ги остваруваат своите права согласно законските одредби. За спроведување на мерката МојДДВ се предвидени средства во Буџетот за 2026 година, со што се обезбедува нејзино непречено и континуирано спроведување“, велат од УЈП.

Во текот на 2025 година за редовна исплата исплатени се 3.458.885.995 денари, што е 56,2 милиони евра средства вратени на сметките на граѓаните по основ на МојДДВ.

Гледано по квартали, повратот на средства преку МојДДВ во текот на 2025 година е следен:

  • за К4 2024 година (исплата во февруари 2025) исплатени се 870.329.146 денари за 496.442 корисници;
  • за К1 2025 година исплатени се 784.442.146 денари за 491.770 корисници;
  • за К2 2025 година исплатени се 882.137.038 денари за 503.655 корисници;
  • за К3 2025 година исплатени се 921.977.665 денари за 515.182 корисници;
  • за К4 2025 година налозите се во обработка и согласно законските одредби исплатата на средства е предвидена за февруари 2026 година.

Во текот на 2025 година беа извршени и дополнителни исплати (од изминатите години) кон корисниците кои немале точни податоци во периодот кога биле редовните исплати:

  • за скенирани сметки во 2020 година исплатени се 2.658.049 денари;
  • за скенирани сметки во 2023 година исплатени се 7.552.401 денари;
  • за скенирани сметки во 2024 година исплатени се 4.076.525 денари.

На сметките на граѓаните во 2025 година по основ на редовна и дополнителна исплата на средства преку МојДДВ, исплатени се вкупно 3.473.172.970 денари или 56,4 милиони евра.

УЈП ги известува граѓаните дека веќе ги подготвува налозите за исплата на средства за скенирани сметки во последниот квартал од 2025 година, која треба да се реализира во февруари 2026 година.

„Апелираме граѓаните да не потпаѓаат под шпекулации и да ги следат исклучиво официјалните информации и соопштенија на Управата за јавни приходи. Истовремено, УЈП ја информира јавноста дека апликацијата МојДДВ функционира редовно. Во рамки на тековните технички подобрувања на системот, можно е повремено забавување при најавување на апликацијата од страна на корисниците или при вчитување на фискалните сметки. Овие појави се привремени, а надлежните технички служби континуирано работат на нивно отстранување, со цел да се обезбеди подобро корисничко искуство. Со ова уште еднаш потврдуваме дека апликацијата МојДДВ останува во функција и не се разгледува нејзино укинување“, се додава во соопштението на УЈП.

━ повеќе содржини

Денес ОК Штип УГД игра ново дерби!

Денес, 09/02/2026 ОК Работнички од Скопје ќе го пречека нашиот ОК Штип УГД во спортската сала Невена Георгиева - Дуња во дербито од третото...

Лука Дончиќ го пропушта NBA All Star-от!

Лука Дончиќ се најде на листата на повредени кај Лос Анџелес лејкерс поради полесно истегнување на задната ложа, па под знак прашалник е неговиот...

SpaceX го става Марс на чекање, приоритет е самоодржлив град на Месечината

Извршниот директор на SpaceX Елон Маск предизвика големо внимание во светот на вселенските технологии откако објави дека неговата компанија веќе го префрлила приоритетот од колонизација на Марс кон...

Од Белград до Лос Анџелес: Ѕвездата на „Stranger Things“ – најпознатиот српски актер од Холивуд Никола Ѓуричко доаѓа во Македонија!

Свеченото одбележување на големиот јубилеј на МНТ започнува на 30 март со стенд-ап шоуто „Шоубиз“ (SHOWBIZ), во изведба на белградскиот и светски познатиот актер...

“Убиствата во соседството” – Нова опасна секта ја демне Бугарија

Бугарските власти истражуваат серија тешки злосторства по откривањето на вкупно шест тела во рок од седум дена, во случај кој, според полицијата, може да...
spot_img