9.3 C
Shtip
spot_img

УШТЕ РАЗГОВАРАМЕ ПРЕКУ ФИКСНИ ТЕЛЕФОНИ – Лани во Македонија имало 460.000 вакви линии

Бројот на активни претплатници во мобилната телефонија заклучно со третиот квартал лани изнесува 2.105.467, а реализирани се 1.299.617.051 минути разговор, покажуваат најновите податоци од Агенцијата за електронски комуникации (АЕК).

Извештајот на АЕК покажува дека А1 Македонија има 47,4% удел во вкупниот број претплатници, Македонски Телеком  46,6%, М ТЕЛ 4,5%, Телекабел 1,2“, а Греен мобиле 0,1%.

Во приходите од обезбедување на мобилни комуникациски услуги (малопродажно ниво) во третиот квартал од 2025 година Македонски Телеком има удел од 49,5%, А1 Македонија 48,5%, М ТЕЛ 0,9%, Телекабел 0,7%, а Греен мобиле 0,1%.

Пристап до интернет со широк и тесен опсег преку мобилна мрежа (2G/3G/4G) во третиот квартал имале 1.781.697 претплатници.

Според податоците на АЕК, во третиот квартал во земјава имало 459.643 фиксни линии, со удел од 51,6% на Македонски Телеком, 43,3% А1 Македонија, 3,1% Телекабел, 1,2%  Неотел, 0,5% Актон.

━ повеќе содржини

Претрес во Штип, пронајдена марихуана: Уапсен 23-годишен Турчин

Вчера во 14:50 часот во Штип, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Штип го лишија од слобода...

Царина заплени авокадо, јагоди и киви вредни 1,4 милиони денари

Царински службеници на граничниот премин Богородица спречиле обид за криумчарење на 12,5 тони овошје и зеленчук со вкупна вредност од околу 1,4 милиони денари,...

Денес е Меѓународен ден на Ромите – празник на гордата култура и тешката борба за еднаквост

Ромите се најголемата малцинска заедница во Европа – со 6 милиони што живеат во ЕУ и 4 милиони во регионот на проширување (Црна Гора,...

Грција воведува забрана за социјални медиуми за деца под 15 години

Грција планира да им забрани на децата под 15 години пристап до социјалните медиуми, а се очекува премиерот Киријакос Мицотакис да ја објави одлуката...

HerFit Progress во Штип работи под полна пареа

Првата женска теретана кај нас работи под полна пареа. Многу млади, но и повозрасни девојки од Штип активно вежбаат и се спремаат за лето.
spot_img