12.1 C
Shtip
spot_img

УГД Штип е домаќин на меѓународен настан на кои учествуваат осум универзитети од Европската универзитетска алијанса

УГД Штип денеска беше домаќин на настан, истражувачка мисија, на кој присуствуваа сите девет универзитети во склоп на алијансата. Заеднички професорите учествуваат во креирање на идни едукативни можности кои во наредниот период ќе бидат дел од редовната настава.

„Идејата беше, затоа што се соочуваме со многу предизвици во последно време, решивме дека ова за нас е една актуелна тема која би сакале да ја дискутираме.“ – вели Никодиновска Крстевска.

Темата на настанот беше безбедно и инклузивно општество кое ќе ги покрие безбедноста и сигурноста на населението од сите аспекти. Целта е преку разни активности да се дојде до заеднички додипломски студии и еден универзитет за сите студенти.

Почнуваме од кратки обуки, летни школи а треба да завршиме со зеднички додипломски студии.“ – вели Мираковски.

На настанот присуствуваа и професори од други универзитети и држави кои придонесоа за реализација на овој проект.

„„Ние ќе отвориме интересни можности за студентите да научат и да се стекнат со прексрасни искуства. Јас ќе зборувам за дигиталната безбедност и јас мислам дека ова е мноогу важно овие денови во светот.“ – вели Кетрин.

„Многу сум возбдуден што сум овде. Ние сме со останатите професори од различни универзитети од алијансата“ – вели Едуардо.

Настанот е од големо значење и за Штип, вели градоначалникот Иван Јорданов, бидејќи се отвораат нови можности за сите за помодерно и поинклузивно општество.

„Овој настан навистина ќе овозможи посилни институции, можност за создавање политики преку кои ќе се создаде и ќе се креира едно посовремено, помодерно и поинклузивно општество“ – вели Јорданов.

УГД Штип е дел од Европската Алијанса заедно со уште осум универзитети од Европа, со што ќе се изедначи квалитетот на образование, а студентите ќе добијат европски призната диплома.

━ повеќе содржини

ФК Брегалница со хуманитарна крводарителска акција!

Од маркетинг секторот во фудбалскиот клуб Брегалница известуваат дека започнуваат со реализација на проекти поврзани со општествената одговорност. Имено, во понеделеник (05.10) во соработка со...

Утре (01.10) започнува јубилејната 10-та Текстилијада!

Утре во Штип започнува јубилејното десетто издание на „Текстилијада“, кое од 1 до 3 октомври ќе понуди три дена исполнети со разговори, конференции, работнички...

Штипјанецот Коки Јанков со нов хит-сингл!

Кога љубовта е вистинска, човек сака саканата личност да биде покрај него во секое годишно време – а понекогаш, за приказната да биде целосна,...

EMIGRANTI Production објави мини-документарец за 12-годишниот Даријан Јакимов

Вчера во 18:00 часот по британско време, EMIGRANTI Production го објави новиот мини-документарец посветен на 12-годишниот Даријан Јакимов и неговото музичко патување од...

Заврши Golden Piano Talents натпреварот во Штип!

Седумдесет млади пијанисти од Кина, Италија, Полска, Турција, Грузија, Романија, Србија, Германија, Словенија, Бугарија и други земји настапија на петтото издание на Меѓународниот пијанистички...
spot_img