25.7 C
Shtip
spot_img

Турнир во пеливанско борење “Трофеј Штип” – годинава по втор пат!

Годинава по вторпат ќе се одржи меѓународниот турнир во пеливанско борење „Трофеј Штип“, а интересот годинава е поголем во однос на ланската сезона.

Турнирот е закажан за 10 мај и ќе се одржи на истата локација како и минатата година, односно на стадионот на ФК Кежовица, а покрај домашните натпреварувачи, доаѓаат натпреварувачи и од други држави.

Интересот за пеливанството во градот под Исарот е на високо ниво, токму овој меѓународен турнир „Трофеј Штип“ дава голем резултат за интересот да се буди и кај помладите.

Пеливанството како спорт е блисок спорт со борењето слободен стил, се работи за несекојдневен спорт, а штипјани, но и Источниот дел на Македонија имаат можност одблиску да видат за каков спорт се работи. Како што вели Митров, интересот се зголемува како кај младите за да го спортуваат овој спорт, така и кај публиката која сака да следи вакви спортски настани.

На 10 мај градот под Исарот по вторпат ќе биде домаќин на „Трофеј Штип“.

━ повеќе содржини

Строг закон за коцкање: 500 метри подалеку од училишта

Со новиот закон што го изгласа Собранието, државата воведува серија забрани и ограничувања – од задолжително растојание од 500 местри од училишта до рестрикции...

Замрзнатото месо има рок на траење: еве колку долго може да се чува во замрзнувач

Правилното складирање на храната, особено месото, е исклучително важно за зачувување на нејзиниот квалитет и здравје. Иако замрзнувањето го продолжува рокот на траење, секој вид...

Весна го одгледува најскапиот зеленчук во светот: Килограм чини дури 20.000 долари

Додека многумина ја напуштаат селската средина во потрага по подобар живот, Весна Бошњак од населбата Омањска во Босна и Херцеговина останува верна на земјоделството...

„РОАМИНГ КАКО ДОМА“ – највисок приоритет за Македонија, порача министерот Андоновски

Македонија да се приклучи кон европскиот режим „Роаминг како дома“ без одложување веднаш штом пристигне мислењето за предложената правна рамка, побара министерот за дигитална...
spot_img