11.1 C
Shtip
spot_img

Три Чешми добива нов лик: нови тротоари, реконструирани улици и детско игралиште во најава

Општина Штип продолжува со инфраструктурни инвестиции во населбата Три Чешми. Во тек е изградба на нови тротоари на влезот во населбата, а паралелно се врши и реконструкција на три улици, со што значително ќе се подобри безбедноста на сите учесници во сообраќајот.

Како дополнување на овие зафати, локалната самоуправа најавува и нова содржина за најмладите жители – изградба на современо спортско и детско игралиште, кое ќе биде целосно осветлено и оградено, како и катче со детски реквизити.

Со ова, Три Чешми добива ново, поурбано и побезбедно облик. Општината најавува дека инвестициите ќе продолжат и во другите делови од градот, во насока на подобрување на квалитетот на живеење за сите граѓани.

━ повеќе содржини

Викендов започнува зимското сметање на времето

Во недела, 26 октомври, во 03:00 часот завршува летното, а почнува зимското сметање на времето. Стрелките на часовникот ќе се поместат еден час наназад,...

Јубилејно 40-то издание на Макфест!

Од 23 до 25 октомври 2025 година во Домот на културата „Ацо Шопов“ во Штип ќе се одржи јубилејното 40-то издание на фестивалот „Макфест“...

Во сабота во Штип ќе се вози шампионски круг во чест на титулата на Петар Мијалков

Датум: 25.10.2025 (сабота) Време: Собирање во 11:00 часот Локација: Кај новата пошта – Градски стадион Ги покануваме сите љубители на моторите да ни се придружат на шампионскиот...

Денес започнува втората кошаркарска лига – штипските Соколи со големи амбиции

Денес (среда) започнува новата сезона во втората кошаркарска лига во која се натпреварува штипската екипа КК Соколи 1933. Во Штип, во СЦ Јордан Мијалков,...

Започнаа активностите во викенд-населбата Плуждино

Започнаа активностите на подземната инфраструктура во викенд населбата Плуждино. Околу 150 викенд куќи ќе бидат поврзани на водоводната линија, со што ќе се реши...
spot_img