34.3 C
Shtip
spot_img

Тренерска трансфер бомба во Серија А, каде оди Јирген Клоп?

Сензација во Серија А Јирген Клоп ја презема Рома.

Италијанците тврдат дека се е готово: Во 22.57 Јирген кажа „ДА“!

Поранешниот менаџер на Ливерпул, Јирген Клоп се враќа на тренерската работа, иако најавуваше нешто друго.

Италијанската „Ла Стампа“ тврди дека познатиот стручњак од следната сезона ќе го води тимот на Рома од клупата.

Германскиот стручњак ја прифатил понудата на Рома и од следната сезона од клупата ќе го води славниот римски клуб, открива „Ла Стампа“.

Неговото доаѓање во Рома ќе биде официјално потврдено во наредните денови.

Рома сакаше наследник на легендарниот Клаудио Раниери, кој се повлече од тренерската пензија, да биде славниот Карло Анчелоти, но откако Дон Карло ја прифати понудата на Бразил, популарната Волчица од Рим се сврте кон Клоп.

„La Stampa“ истакнува дека Клоп својата конечна потврда ја дал во недела во 22:57 часот, веднаш по завршувањето на натпреварот Рома – Милан.

Рома има амбициозни планови за следната сезона. Идејата е со Клоп да се доведат шест нови играчи – три сериозни засилувања за стартната постава и тројца играчи кои би ја зголемиле конкуренцијата во тимот.

Јирген Клоп со голем успех девет години го водеше славниот Ливерпул. Со „црвените“ ја освои Премиер лигата, Лигата на шампионите, ФА Купот, Купот Карабао, Комјунити Шилд, Суперкупот на Европа и Светското клупско првенство.

━ повеќе содржини

Важно известување за сите граѓани кои скенираат фискални сметки!

– Апелираме сите корисници кои во претходните исплати немаат средства на сметките да направат проверка на податоците за трансакциските сметки, доколку увидат неточни податоци...

Штипјанецот Јоце Панов со нов летен хит!

Откако го прослави својот јубилеј по повод 25 години активно присуство на музичката сцена со гламурозен концерт во Македонската Филхармонија, Јоце Панов, сними нова...

Што да направиме кога ќе не касне медуза? Какви отрови испушта?

Контактот со медуза може да предизвика разни реакции на кожата, но може да овозможи и отровни супстанции да навлезат во крвотокот. Интензитетот на симптомите...

Маск формираше партија, Трамп го исмеа, а акциите на „Тесла“ веднаш потонаа

Американскиот милијардер Илон Маск објави дека формирал нова, „Американска партија“, потег што веднаш предизвика остри реакции од претседателот Доналд Трамп и голема загриженост кај...

Нов ќотек скандал во Србија – Инфлуенсерката Сораја нападната од двајца мажи

Сораја, според извори блиски до истрагата, ја изгубила свеста како последица на физичките повреди и шокот, а ја повратила благодарение на силниот мирис на...
spot_img