17.1 C
Shtip
spot_img

Трамп: Најдовме купувач за ТикТок

Американскиот претседател Доналд Трамп во интервју за телевизијата Фокс њус изјави дека САД пронашле „купувач за ТикТок“. Според Трамп, се работи за група „многу богати луѓе“. Други детали за зделката американскиот претседател најави за „околу две недели“.

За продажбата веројатно ќе биде потребно и одобрение од кинеската влада, додаде Трамп. Според проценките на американскиот претседател, продажбата „веројатно“ ќе биде одобрена од кинескиот претседател Ши Џинпинг.

Еден ден пред Трамп да ја преземе функцијата во јануари годинава, во САД стапи на сила закон со кој од кинеската матична компанија Бајтденс се бара да го продаде ТикТок – во спротивно, платформата ќе биде забранета. Причината за ова се стравувањата на американските власти дека Пекинг би можел да го користи ТикТок за да влијае врз јавното мислење во САД.

Според законот, американскиот бизнис на ТикТок ќе мораше да биде продаден до 19 јануари или да биде исклучен од продавниците за апликации во САД. Трамп го продолжи рокот веќе трипати. За време на третото продолжување на 19 јуни, портпаролката на Трамп, Каролин Левит, изјави дека Трамп „не сака ТикТок да исчезне од сцената“. Целта на планираната продажба е да се обезбеди дека населението на САД „може да продолжи да го користи ТикТок со доверба дека неговите податоци се безбедни и заштитени“.

За време на неговиот прв мандат до почетокот на 2021 година, Трамп се залагаше за забрана или продажба на ТикТок. Тој сега очигледно ја гледа платформата, со повеќе од 170 милиони корисници во САД, како добра можност за привлекување млади гласачи. Во неговата изборна кампања во 2024 година, Трамп во голема мера се потпираше на онлајн мрежите.

━ повеќе содржини

ФК Брегалница со хуманитарна крводарителска акција!

Од маркетинг секторот во фудбалскиот клуб Брегалница известуваат дека започнуваат со реализација на проекти поврзани со општествената одговорност. Имено, во понеделеник (05.10) во соработка со...

Утре (01.10) започнува јубилејната 10-та Текстилијада!

Утре во Штип започнува јубилејното десетто издание на „Текстилијада“, кое од 1 до 3 октомври ќе понуди три дена исполнети со разговори, конференции, работнички...

Штипјанецот Коки Јанков со нов хит-сингл!

Кога љубовта е вистинска, човек сака саканата личност да биде покрај него во секое годишно време – а понекогаш, за приказната да биде целосна,...

EMIGRANTI Production објави мини-документарец за 12-годишниот Даријан Јакимов

Вчера во 18:00 часот по британско време, EMIGRANTI Production го објави новиот мини-документарец посветен на 12-годишниот Даријан Јакимов и неговото музичко патување од...

Заврши Golden Piano Talents натпреварот во Штип!

Седумдесет млади пијанисти од Кина, Италија, Полска, Турција, Грузија, Романија, Србија, Германија, Словенија, Бугарија и други земји настапија на петтото издание на Меѓународниот пијанистички...
spot_img