20.1 C
Shtip
spot_img

Топ 10 компании со најголеми добивки во Штип за 2025 година

Езимит Капитал, дел од бизнис-групацијата Езимит, поврзана со инвестиции и винскиот бизнис, е компанијата со најголема остварена добивка од Штип за 2025. Фирмата на бизнисменот Зоранчо Митровски има добивка од 6,27 милиони евра за минатата година.

Техникал Текстајлс, германската инвестиција која работи со производство на технички текстил и производи од стаклени влакна/фиберглас, е на второто место, а во првите три е уште Актива, компанијата која прави челични конструкции за инвеститори како Лидл и Ван Хол.

Кондево од Италија, со производство на компоненти за бојлери, односно топлотни разменувачи за бојлери, е четврторангиран, а на петтатат позиција е компанијата за дистрибуција Оаза Екстра-Скопско. 

Понатаму следуваат трговецот со мотоцикли и квадрицикли Хамачи, Нов Тренд Штип, фирма што почнала како поддршка на текстилната индустрија, а денес е активна и во индустриски недвижности, логистички магацини и производствени капацитети, како и Адиент Сеатинг, уште еден странски инвеститор од технолошката индустриска зона во Штип.

На 9.место е Нико-2002 која работи со текстил, трикотажа, конфекциски репроматеријали, а Топ-10 завршува со КТМ Енерџи Солушн, која проектира и гради фотоцентрали.

Извор: Фактор Мк

━ повеќе содржини

ФК Брегалница со хуманитарна крводарителска акција!

Од маркетинг секторот во фудбалскиот клуб Брегалница известуваат дека започнуваат со реализација на проекти поврзани со општествената одговорност. Имено, во понеделеник (05.10) во соработка со...

Утре (01.10) започнува јубилејната 10-та Текстилијада!

Утре во Штип започнува јубилејното десетто издание на „Текстилијада“, кое од 1 до 3 октомври ќе понуди три дена исполнети со разговори, конференции, работнички...

Штипјанецот Коки Јанков со нов хит-сингл!

Кога љубовта е вистинска, човек сака саканата личност да биде покрај него во секое годишно време – а понекогаш, за приказната да биде целосна,...

EMIGRANTI Production објави мини-документарец за 12-годишниот Даријан Јакимов

Вчера во 18:00 часот по британско време, EMIGRANTI Production го објави новиот мини-документарец посветен на 12-годишниот Даријан Јакимов и неговото музичко патување од...

Заврши Golden Piano Talents натпреварот во Штип!

Седумдесет млади пијанисти од Кина, Италија, Полска, Турција, Грузија, Романија, Србија, Германија, Словенија, Бугарија и други земји настапија на петтото издание на Меѓународниот пијанистички...
spot_img