16.8 C
Shtip
spot_img

Со рачни вештини до сопствен бизнис – проектна работилница во Штип со дизајнерката Ирина Тошева

Во работилницата на СОУ „Димитар Мирасчиев“ во Штип, денес започнаа активностите од проектот „Со рачни вештини до сопствен бизнис“, организиран од Добредојде Македонија, со поддршка на Амбасадата на Словенија.

Проектот има за цел да ги поттикне младите и жените да развијат претприемачки дух преку стекнување и усовршување на занаетчиски вештини. Денешната работилница се фокусираше на креативна пренамена на милјеа, односно традиционални везени ткаенини, кои добија современ израз благодарение на менторството на реномираната модна дизајнерка Ирина Тошева.

Тошева ги водеше учесниците низ процесот на реинтерпретација на стари текстили, со што им покажа како културното наследство може да биде инспирација за модерен и одржлив дизајн. Работилницата беше исполнета со ентузијазам, идеи и практична работа, а создадените парчиња ќе бидат дел од мини-изложба на крајот од проектот.

Настанот претставува само прв чекор од низата активности што ќе се реализираат во рамки на проектот, кој ќе опфати и обуки за бизнис-планирање и маркетинг, насочени кон охрабрување на учесниците да започнат сопствен занаетчиски или дизајнерски бизнис.

━ повеќе содржини

ФК Брегалница со хуманитарна крводарителска акција!

Од маркетинг секторот во фудбалскиот клуб Брегалница известуваат дека започнуваат со реализација на проекти поврзани со општествената одговорност. Имено, во понеделеник (05.10) во соработка со...

Утре (01.10) започнува јубилејната 10-та Текстилијада!

Утре во Штип започнува јубилејното десетто издание на „Текстилијада“, кое од 1 до 3 октомври ќе понуди три дена исполнети со разговори, конференции, работнички...

Штипјанецот Коки Јанков со нов хит-сингл!

Кога љубовта е вистинска, човек сака саканата личност да биде покрај него во секое годишно време – а понекогаш, за приказната да биде целосна,...

EMIGRANTI Production објави мини-документарец за 12-годишниот Даријан Јакимов

Вчера во 18:00 часот по британско време, EMIGRANTI Production го објави новиот мини-документарец посветен на 12-годишниот Даријан Јакимов и неговото музичко патување од...

Заврши Golden Piano Talents натпреварот во Штип!

Седумдесет млади пијанисти од Кина, Италија, Полска, Турција, Грузија, Романија, Србија, Германија, Словенија, Бугарија и други земји настапија на петтото издание на Меѓународниот пијанистички...
spot_img