13 C
Shtip
spot_img

„Силјан“ во режија на Тамара Котевска е годинашниот македонски кандидат за „Оскар“

Македонскиот филм „Силјан“ во режија на Тамара Котевска и во продукција на „Конкордија“ (Concordia) е годинашниот македонски кандидат за наградата „Оскар“ за Најдобар интернационален филм.

Одлуката едногласно ја донесе деветчлена Комисија за избор при Друштвото на филмските работници на Македонија, во состав: Томи Салковски – претседател на комисијата и продуцент, Лабина Митевска – продуцент, Даријан Пејовски – режисер, Марија Димитрова – продуцент, Душан Кардалевски – кинематографер, Марина Колоска – прв асистент на камера, Иван Ивановски – режисер на анимиран филм, Братислав Зафировски – тон мајстор и Горан Игњатовски – автор на филмска маска. Одлуката на нашата комисија е прифатена и одобрена од Американската академија за подвижни слики, уметност и наука.

Како што е наведено во соопштение, годинава комисијата избирала меѓу три македонски филмски остварувања – „Диџеј Ахмет“ на Георги Унковски во продукција на „Синема футура“, „Силјан“ на Тамара Котевска во продукција на „Конкордија“ и „Планината не оди никаде“ на Петра Селишкар во продукција на „Cinepaqe Production“.

-При својот избор, комисијата која имаше навистина тешка задача, беше водена од синеастичката вредност на филмските дела, „силината“ на приказната што ја обработува секој од филмовите, нивната наративна, драматуршка и пикторална компонента, како и критичкиот осврт кон актуелната општествена и политичка стварност, стои во соопштението.

За избор на македонски кандидат за наградата „Оскар за најдобар долгометражен интернационален филм” од осамостојувањето на државава е задолжено Друштвото на филмските работници на Македонија.

━ повеќе содржини

ФК Брегалница на чекор од прва лига – против Шкендија бод вреден како победа!

На одиграниот дуел помеѓу екипите на Брегалница и Шкендија од Арачиново, вчера во Штип актерите ги поделија бодовите. Мечот заврши 1:1, а изобилуваше со...

Вдовицата на Коби Брајант е во тајна врска со негов колега?!

Ванеса Брајант повторно се најде во центарот на вниманието на светските медиуми и социјалните мрежи, откако интернетот беше преплавен со шпекулации за нејзина наводна...

Нови ограничувања на брзината на возење кон Халкидики ги чека туристите ова лето

Туристите што патуваат кон Халкидики оваа сезона треба да бидат повнимателни зад волан. На делницата од Солун кон Неа Мудања ограничувањето на брзината е...

Утре почнува Евровизија: скандали, бојкоти и фаворит што веќе сите го гледаат како победник

Евровизија повторно почнува — и како и секоја година, музиката е само половина од приказната. Утре, 12 мај 2026, во Виена стартува првото полуфинале на...

СО КАМЕРИ И АЛАРМИ ЌЕ СЕ ШТИТАТ ОД ВАНДАЛИ УЧИЛИШТАТА ВО ШТИП: Градоначалникот Јорданов најави 190 безбедносни камери низ градот

По вандализмот во најголемото Општинско основно училиште (ООУ) „Ванчо Прке“ во Штип, градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов денеска најави дека во сите училишта...
spot_img