16.9 C
Shtip
spot_img

Се спремна духовна свеченост во сабота во Штип!

Штип на 6 јуни ќе биде домаќин на значаен духовен настан за православните верници. Според најавата од организаторите, во сабота, со почеток во 17:00 часот, пред Соборниот храм Свети Никола ќе пристигне иконата на Пресвета Богородица – Троеручица, донесена од Света Гора.
По свечениот пречек, верниците ќе имаат можност молитвено и достоинствено да учествуваат во литија низ градот, придружувајќи ја светата икона до храмот Свети Великомаченик Димитриј, каде што ќе биде поставена за поклонение и молитва.
Од црковните кругови упатуваат покана до сите православни христијани да бидат дел од оваа духовна радост и заеднички да ја изразат својата вера, благодарност и молитвена посветеност пред Мајката Божја.
Пристигнувањето на иконата „Троеручица“, која зазема посебно место во православната традиција и е длабоко почитувана меѓу верниците, се очекува да привлече голем број граѓани од Штип и од останатите делови на државата. Настанот ќе биде можност за заедничка молитва, духовно единство и благослов за сите присутни.

━ повеќе содржини

Невреме и поројни дождови се очекуваат на Халкидики!

Црвен аларм во Грција: Невреме со град, силен ветер и поројни дождови се очекуваат во Халкидики и Солун Црвен метеоаларм е издаден во Грција поради...

На територија на Штип за 4 дена изгореа 5 автомобили!

Вкупно пет возила изгореа за само четири дена во Штип. Само во текот на вчерашниот ден се запалија две возила, едното на паркинг просторот...

Две млади момчиња глумеле полицајци во Штип!

Двајца 22-годишни мажи од Штип и Псача се соочуваат со кривична пријава откако, според сомнежите на полицијата, се обиделе да влезат во дом на...

НОВА ШОПИНГ-ДЕСТИНАЦИЈА ВО ШТИП: Големо отворање на новата продавница на Sara Fashion & Home во „Штип Сити Мол“

Жителите на Штип и на целиот источен Источен регион Регион добиваат ново,модерно место за шопинг. На 29 јули (среда), водечкиот домашен бренд заоблека, долна...

Одбојкарот Стефан Алексов замина во играчка пензија, но со нов ангажман во клубот!

Спортистот на град Штип за 2024 година Стефан Алексов со ново спортско поглавје во кариерата. Од денес, тој е асистент тренер во неговиот матичен...
spot_img