25.9 C
Shtip
spot_img

Ромската фондација за Европа со донација од 10.000 евра за семејствата на настраданите во Кочани

Ромската фондација за Европа изрази сочувство за жртвите во пожарот во Кочани и соопшти дека донела одлука да донира 10.000 евра за поддршка на семејствата на младите кои трагично ги загубија животите во несреќата.

– Најдлабоко сочувство поради трагичната загуба на 59 млади животи во Кочани, Северна Македонија. Овие млади луѓе не беа само сакани деца, браќа, сестри и пријатели – тие беа иднината на оваа земја. Нашите мисли се со семејствата, заедниците и сите погодени од оваа незамислива загуба, соопшти Фондацијата.

Нејзиниот претседател Жељко Јовановиќ ја посетил Амбасадата на Македонија во Брисел за да изрази солидарност и сочувство. Тој се потпишал во книгата на жалост и го информирал амбасадорот на Северна Македонија во Европската Унија, Зулфи Исмаили, за одлуката на Фондацијата да донира 10.000 евра како поддршка за семејствата на жртвите.

– Оваа трагедија не е само огромна лична загуба, туку и болен потсетник на системските пропусти. Не смееше да се случи – и не смееме да дозволиме повторно да се случи. Потребно е да се зајакнат структурните мерки за заштита на луѓето, особено на младите, од вакви несреќи кои можат да се спречат. Нека споменот на оние што ги загубивме биде повик за акција: за поодговорно општество, за поголема безбедност и за иднина во која вакви трагедии повеќе нема да се случуваат, истакнал Јовановиќ.

Фондацијата во соопштението наведува дека Европскиот институт за ромска уметност и култура, Фондот за образование на Ромите, Иницијативата за развој на ромското претприемништво и Роми за демократија се придружуваат на Фондацијата Роми за Европа во изразувањето поддршка за жртвите од оваа трагедија.

━ повеќе содржини

Во недела во Штип – OldTimer Car Show!

Во недела со почеток од 11:00 часот Штип повторно ќе биде домаќин на една несекојдневна изложба која ќе ги обедини љубителите на автомобилската историја,...

Строг закон за коцкање: 500 метри подалеку од училишта

Со новиот закон што го изгласа Собранието, државата воведува серија забрани и ограничувања – од задолжително растојание од 500 местри од училишта до рестрикции...

Замрзнатото месо има рок на траење: еве колку долго може да се чува во замрзнувач

Правилното складирање на храната, особено месото, е исклучително важно за зачувување на нејзиниот квалитет и здравје. Иако замрзнувањето го продолжува рокот на траење, секој вид...

Весна го одгледува најскапиот зеленчук во светот: Килограм чини дури 20.000 долари

Додека многумина ја напуштаат селската средина во потрага по подобар живот, Весна Бошњак од населбата Омањска во Босна и Херцеговина останува верна на земјоделството...
spot_img