15.2 C
Shtip
spot_img

Продолжува изградбата на спортско-рекреативниот центар „Џексон“ во Штип

Општина Штип ги надмина административните пречки поврзани со изградбата на спортско-рекреативниот центар „Џексон“, кој се наоѓа во централното градско подрачје. Градоначалникот Иван Јорданов информираше дека во наредните денови ќе започне поставувањето на конструкцијата на објектот.

Изградбата на центарот започна пред десет месеци, со средства обезбедени од државниот буџет. Проектот предвидува изградба на мултифункционален спортски објект со капацитет од 1.000 посетители, кој ќе ги исполнува стандардите на ФИБА и ќе овозможи одржување на различни спортски дисциплини.

„Имавме одредени административни пречки и измени во текот на градбата, со цел подобрување на првично планираниот проект, како од аспект на капацитетност, така и од аспект на содржина. Овие пречки се надминати и веќе е започнато со продолжување на активностите. Очекувам следните недели да се започне со поставување на конструкцијата на спортскиот објект, кој ќе има капацитет од 1.000 посетители и во кој ќе се одвиваат неколку спортски дисциплини“, изјави Јорданов.

Градоначалникот додаде дека спортско-рекреативниот центар „Џексон“ се очекува да биде завршен до крајот на годината. „Динамиката за изградба на ‘Џексон’ е предвидена за 2025 година и верувам дека до крајот на годината, најголем дел од предвидените градежни активности ќе бидат завршени“, рече Јорданов. Центарот ќе добие нови трибини, соблекувални и тоалети.

Овој проект е од големо значење за градот, особено во контекст на прогласувањето на Штип за „Европски град на спортот за 2024 година“. Изградбата на центарот ќе придонесе за развојот на спортот и ќе овозможи организирање на различни спортски и културни настани

━ повеќе содржини

ФК Брегалница со хуманитарна крводарителска акција!

Од маркетинг секторот во фудбалскиот клуб Брегалница известуваат дека започнуваат со реализација на проекти поврзани со општествената одговорност. Имено, во понеделеник (05.10) во соработка со...

Утре (01.10) започнува јубилејната 10-та Текстилијада!

Утре во Штип започнува јубилејното десетто издание на „Текстилијада“, кое од 1 до 3 октомври ќе понуди три дена исполнети со разговори, конференции, работнички...

Штипјанецот Коки Јанков со нов хит-сингл!

Кога љубовта е вистинска, човек сака саканата личност да биде покрај него во секое годишно време – а понекогаш, за приказната да биде целосна,...

EMIGRANTI Production објави мини-документарец за 12-годишниот Даријан Јакимов

Вчера во 18:00 часот по британско време, EMIGRANTI Production го објави новиот мини-документарец посветен на 12-годишниот Даријан Јакимов и неговото музичко патување од...

Заврши Golden Piano Talents натпреварот во Штип!

Седумдесет млади пијанисти од Кина, Италија, Полска, Турција, Грузија, Романија, Србија, Германија, Словенија, Бугарија и други земји настапија на петтото издание на Меѓународниот пијанистички...
spot_img