20.1 C
Shtip
spot_img

Признание за научната извонредност на Земјоделскиот факултет при УГД – Штип

На денешната промоција на проектот „Академско рангирање АРБУ (Academic Ranking of Balkan Universities)“, одржана во Стопанската комора на Северна Македонија, беа презентирани резултатите од рангирањето на најцитираните истражувачи во државата по научни области.

Со особена гордост истакнуваме дека во областа „Земјоделски науки и шумарство“ тројца професори од Земјоделскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип се меѓу десетте најцитирани истражувачи од Македонија:

Проф. д-р Саша Митрев – 1 место

Проф. д-р Фиданка Трајкова – 8 место

Проф. д-р Виолета Димовска – 10 место

Овие резултати претставуваат значајна потврда за квалитетот на научно-истражувачката работа на Земјоделскиот факултет и неговата препознатливост во национални и меѓународни рамки.

Честитки до наградените професори за нивниот исклучителен придонес во развојот на земјоделските науки, како и за успешната промоција на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип и македонската наука во светски рамки.

Продолжуваме посветено да создаваме знаење, иновации и научни достигнувања со трајна вредност за академската заедница и општеството.

━ повеќе содржини

Во недела во Штип – OldTimer Car Show!

Во недела со почеток од 11:00 часот Штип повторно ќе биде домаќин на една несекојдневна изложба која ќе ги обедини љубителите на автомобилската историја,...

Строг закон за коцкање: 500 метри подалеку од училишта

Со новиот закон што го изгласа Собранието, државата воведува серија забрани и ограничувања – од задолжително растојание од 500 местри од училишта до рестрикции...

Замрзнатото месо има рок на траење: еве колку долго може да се чува во замрзнувач

Правилното складирање на храната, особено месото, е исклучително важно за зачувување на нејзиниот квалитет и здравје. Иако замрзнувањето го продолжува рокот на траење, секој вид...

Весна го одгледува најскапиот зеленчук во светот: Килограм чини дури 20.000 долари

Додека многумина ја напуштаат селската средина во потрага по подобар живот, Весна Бошњак од населбата Омањска во Босна и Херцеговина останува верна на земјоделството...
spot_img