18 C
Shtip
spot_img

ПОЧНА НАЈГОЛЕМАТА АКЦИЈА ЗА ВАКЦИНАЦИЈА – Министерството за здравство набави рекордни 80.000 дози против грип!

Граѓаните можат да продолжат со пријавување преку апликацијата vakcinacija.mk или преку матичен лекар, Министерството за здравство најавува рекорден број дози.

Вакцинацијата против сезонски грип официјално започна денеска на вкупно 35 вакцинални пункта низ државата, од кои пет се во Скопје, соопшти Министерството за здравство.

До денес, преку апликацијата vakcinacija.mk се пријавиле 43.000 граѓани, а можноста за пријавување продолжува и во наредните денови.

– Голем е одѕивот на граѓаните кои досега се пријавија за вакцина против сезонски грип. Задоволен сум од покажаниот интерес, а воедно сакам да потсетам дека и понатаму е отворена можноста за пријавување, преку апликацијата vakcinacija.mk или преку матичниот лекар – изјави министерот за здравство, д-р Арбен Алиу.

Министерот додаде дека оваа година е набавен историски најголем број вакцини против сезонски грип, вкупно 80.000 дози четиривалентна вакцина, произведена од реномираниот холандски производител „Абот“.

– Вакцинацијата е најдобра превентивна мерка за заштита на здравјето и очекувам бројката на пријавени лица да продолжи да расте во следните денови – рече Алиу.

Со бесплатната вакцинација се опфатени ризичните категории на населението, меѓу кои:

– лица над 65 години,

– лица со хронични заболувања,

– здравствени работници,

– бремени жени,

– деца на возраст од 6 месеци до 5 години,

– лица сместени во установи за социјална заштита на стари лица и вработените во тие установи.

Од Министерството за здравство посочуваат дека вакцинацијата ќе се спроведува континуирано, сѐ додека има достапни дози, и апелираат до граѓаните навремено да се пријават и да го искористат правото на бесплатна заштита од грип пред почетокот на зимскиот период.

━ повеќе содржини

ФК Брегалница со хуманитарна крводарителска акција!

Од маркетинг секторот во фудбалскиот клуб Брегалница известуваат дека започнуваат со реализација на проекти поврзани со општествената одговорност. Имено, во понеделеник (05.10) во соработка со...

Утре (01.10) започнува јубилејната 10-та Текстилијада!

Утре во Штип започнува јубилејното десетто издание на „Текстилијада“, кое од 1 до 3 октомври ќе понуди три дена исполнети со разговори, конференции, работнички...

Штипјанецот Коки Јанков со нов хит-сингл!

Кога љубовта е вистинска, човек сака саканата личност да биде покрај него во секое годишно време – а понекогаш, за приказната да биде целосна,...

EMIGRANTI Production објави мини-документарец за 12-годишниот Даријан Јакимов

Вчера во 18:00 часот по британско време, EMIGRANTI Production го објави новиот мини-документарец посветен на 12-годишниот Даријан Јакимов и неговото музичко патување од...

Заврши Golden Piano Talents натпреварот во Штип!

Седумдесет млади пијанисти од Кина, Италија, Полска, Турција, Грузија, Романија, Србија, Германија, Словенија, Бугарија и други земји настапија на петтото издание на Меѓународниот пијанистички...
spot_img