23.7 C
Shtip
spot_img

Потврдено: Егзит фестивал следната година во Македонија!

Еден од најголемите музички фестивали на светот, новосадски Егзит, влегува во нова фаза на својата историја и се претвора во глобална турнеја, со која следната година ќе биде опфатена и земјава. На фестивалскиот сајт стои напишано „Македонија“, без претставката „Северна“.

Откако организаторот, по 25 години одржување на Петроварадинската тврдина над Нови Сад, најави дека следната година фестивалот нема да се одржи таму поради политичкиот притисок од власта во Србија, презентирани се локациите за Глобалната турнеја

Првата дестинација е Умаг, Хрватска, по што официјално Егзит 2026 во јуни ќе биде отворен во Македонија, а за август одредиштето е Малта.

Во октомври тимот на Егзит оди во Египет, и најавува спектакл пред Големите пирамиди во Гиза.

Во ноември, светската турнеја Егзит 2026 ќе биде во Белград и во Мумбаи.

━ повеќе содржини

Во четврток во Штип: Презентација на воена опрема, вооружување и способности на Армијата на РМ!

Презентација на воена опрема, вооружување, возила и способности на армиските единици, во четврток организира Армијата на Градскиот стадион во Штип со почеток од 10...

Денес е Курбан Бајрам!

Денес е Курбан Бајрам, еден од најзначајните празници во Исламската религија. Како што истакна Ердован Шабановски, Алах на муслиманите им го дал овој празник...

Детонација во Евролигата – Барселона тргнува по Жељко Обрадовиќ!

Српскиот кошаркарски стручњак Жељко Обрадовиќ е повторно во центарот на вниманието во европската кошаркарска јавност, а според каталонските медиуми, токму легендарниот стратег е првата...

Трагедија на патот Штип–Делчево: Човек загина во сообраќајна несреќа

На 25.05.2026 година, околу 21:23 часот, на магистралниот пат Штип–Делчево, во близина на местото викано „Компосара“, се случила тешка сообраќајна несреќа во која животот...

Во понеделник во Штип – аудиција за статисти во филм!

По повод новиот игран филм на режисерката Марија Апчевска „ПРОЛЕТНО ЧИСТЕЊЕ“, што ќе се снима неколку дена во текот на месец јуни, ќе се...
spot_img