13.8 C
Shtip
spot_img

Подготовки за војна? Владата на Велика Британија издаде список на основни работи што граѓаните треба да ги имаат во случај на вонредна состојба

Во првата половина на 2025 година, растечките геополитички тензии и стравовите од војна ја натераа британската влада да издаде стратегиски документ со повик до граѓаните: да се подготват за можни вонредни или дури и воени сценарија. Документот со наслов „Национална стратегија за безбедност 2025: Безбедност за британскиот народ во опасен свет“ предупредува дека земјата се соочува со „радикална неизвесност“ и мора да биде подготвена на широк спектар на закани.

Повеќе видови на закани

Покрај ризиците од конвенционална војна, стратешкиот документ укажува и на закани како што се пандемиите, сајбер нападите, тероризмот, климатските екстреми и злоупотребата на вештачката интелигенција. Меѓу потенцијалните заканувачки држави се наведуваат Русија, Кина, Иран и Северна Кореја. Се нагласува дека заканата од нуклеарно оружје денес е посложена отколку во времето на Студената војна.

Повеќе видови на закани

Во рамките на државната иницијатива за подготвеност, граѓаните се охрабруваат да ги ажурираат своите контакти за итни случаи, да се регистрираат за известувања и да направат домашен план за вонредни ситуации. Владината веб-страница Prepare содржи насоки за тоа како да се подготват домаќинствата и какви основни резерви да се набават.

━ повеќе содржини

EMIGRANTI на штипјанецот Влатко Јакимов во нов сингл!

Хип-Хоп групацијата во Лондон, предводена од штипскиот музички артист Влатко Јакимов вчера го објави својот нов сингл "Татко и син" во кој Влатко настапува...

ГКК Штип се засили со бек од Соединетите Американски Држави

Новиот член на најдобрата македонска кошаркарска конкуренција ГКК Штип ги засили своите редови со бек од Соединетите Американски Држави. Се работи за 24-годишниот Лангстон Лав...

Штипјанката Ива Колева со историски деби настап во сениорската репрезентација

Историски момент за штипската кошарка! Седумнаесетгодишната Ива Колева стана првата штипјанка која добила повик во сениорската женска кошаркарска репрезентација на Македонија, испишувајќи нова страница...

Професорката на УГД Јаневиќ-Ивановска одликувана со орден во Франција

Професорката Емилија Јаневиќ-Ивановска, која предава на студиската програма по фармација на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, доби значајно француско признание за својата академска и...

Вечерва: Традиционална ноќна трка по повод Денот на ослободувањето на Штип

Штип вечерва повторно ќе биде во знакот на спортот, традицијата и одбележувањето на еден од најзначајните датуми во историјата на градот. По повод 8...
spot_img