24.1 C
Shtip
spot_img

Официјално: Штип за прв пат има градоначалник со втор мандат!

Во текот на вчерашниот ден, од страна на ДИК, својот втор мандат го доби старо-новиот градоначалник на општина Шти, Иван Јорданов

“Денес официјално го добив уверението за втор мандат градоначалник на Општина Штип.

Овој документ не е само потврда на резултатите од изминатите четири години, туку и силна обврска за довербата што ми ја дадовте.

Новиот мандат за мене значи да продолжам со истата енергија, посветеност и љубов кон нашиот Штип, затоа што она што е создадено, останува за секој еден од нас.

Ви благодарам од срце за довербата и поддршката!

Заедно ќе продолжиме да го градиме Штип како место на развој, резултати и гордост на Македонија.” – изјави вчера градоначалникот Иван Јорданов.

Исто така, составот на новиот совет вчера официјално отпочна со работа.

━ повеќе содржини

Строг закон за коцкање: 500 метри подалеку од училишта

Со новиот закон што го изгласа Собранието, државата воведува серија забрани и ограничувања – од задолжително растојание од 500 местри од училишта до рестрикции...

Замрзнатото месо има рок на траење: еве колку долго може да се чува во замрзнувач

Правилното складирање на храната, особено месото, е исклучително важно за зачувување на нејзиниот квалитет и здравје. Иако замрзнувањето го продолжува рокот на траење, секој вид...

Весна го одгледува најскапиот зеленчук во светот: Килограм чини дури 20.000 долари

Додека многумина ја напуштаат селската средина во потрага по подобар живот, Весна Бошњак од населбата Омањска во Босна и Херцеговина останува верна на земјоделството...

„РОАМИНГ КАКО ДОМА“ – највисок приоритет за Македонија, порача министерот Андоновски

Македонија да се приклучи кон европскиот режим „Роаминг како дома“ без одложување веднаш штом пристигне мислењето за предложената правна рамка, побара министерот за дигитална...
spot_img