23.6 C
Shtip
spot_img

Отворена е изложбата „Оружјето низ историјата“ во Штип

творена изложбата „Оружјето низ историјата“ во Безистенот во Штип, која е организација на НУ Завод и Музеј Штип. Целта на истата е да се прикажат различните орудија и оружја од најстарите до најновите времиња, со кој особено најмладите ќе можат да се запознаат.

Изложбата е резултат на долгогодишната соработка меѓу историското и археолошкото одделение во музејот, а претставува значаен придонес кон зачувување и промоција на културното наследство.

,,Изложбата Оружјето низ историјата е производ на долгогодишна соработка помеѓу две одделенија на НУ Завод и Музеј Штип со историско одделение и археолошкото одделение на колегата Зоран Николов. Се обидовме да ја отвориме оваа изложба со основната цел да го прикажеме историскиот развој и континуитетот во изработката и употребата на различни видови оружја и орудија во различните векови. Имаме изложело парчиња од најстарото време камено, бронзено време, римскиот период, средниот век, потоа изложбата продолжува со османлиското оружје.“ рече Коруновска

Дека овие стари експонати имаа големо значење за Македонија, согласни се и археологот Зоран Николов и директорката. Велат дека се посебно горди што музејот има примери од пред 6200 години.

Инаку, настанот се одржа во штипскиот безистен, а истиот беше посетен од страна на граѓаните и од учениците.

━ повеќе содржини

Строг закон за коцкање: 500 метри подалеку од училишта

Со новиот закон што го изгласа Собранието, државата воведува серија забрани и ограничувања – од задолжително растојание од 500 местри од училишта до рестрикции...

Замрзнатото месо има рок на траење: еве колку долго може да се чува во замрзнувач

Правилното складирање на храната, особено месото, е исклучително важно за зачувување на нејзиниот квалитет и здравје. Иако замрзнувањето го продолжува рокот на траење, секој вид...

Весна го одгледува најскапиот зеленчук во светот: Килограм чини дури 20.000 долари

Додека многумина ја напуштаат селската средина во потрага по подобар живот, Весна Бошњак од населбата Омањска во Босна и Херцеговина останува верна на земјоделството...

„РОАМИНГ КАКО ДОМА“ – највисок приоритет за Македонија, порача министерот Андоновски

Македонија да се приклучи кон европскиот режим „Роаминг како дома“ без одложување веднаш штом пристигне мислењето за предложената правна рамка, побара министерот за дигитална...
spot_img