7.4 C
Shtip
spot_img

Организиран превоз од Штип за Радовиш за финалето во одбојкарскиот куп

Одбојкарскиот клуб “Штип УГД” после вчерашниот триумф над Работнички, се пласираше во големото финале на одбојкарскиот куп на Македонија. Противник во финалниот натпревар ќе биде екипата на Струмица, така всушност ова ќе биде реприза од ланското финале. Од штипскиот табор посакуваат да се репризира и епилогот во финалето, бидејки штипјани го бранат трофејот.

Од клубот најавуваат дека утре (сабота, 05.04) ќе биде организиран бесплатен превоз за сите поддржувачи и љубители на спортот кои сакаат да дадат поддршка на екипата во финалниот меч. Поаѓање од автобуската постројка пред Домот на културата во Штип во 17:30 часот. Финалето започнува во 19:00 часот, а директен пренос може да проследите на МРТ 3.

━ повеќе содржини

ГКК Штип се засили со бек од Соединетите Американски Држави

Новиот член на најдобрата македонска кошаркарска конкуренција ГКК Штип ги засили своите редови со бек од Соединетите Американски Држави. Се работи за 24-годишниот Лангстон Лав...

Штипјанката Ива Колева со историски деби настап во сениорската репрезентација

Историски момент за штипската кошарка! Седумнаесетгодишната Ива Колева стана првата штипјанка која добила повик во сениорската женска кошаркарска репрезентација на Македонија, испишувајќи нова страница...

Професорката на УГД Јаневиќ-Ивановска одликувана со орден во Франција

Професорката Емилија Јаневиќ-Ивановска, која предава на студиската програма по фармација на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, доби значајно француско признание за својата академска и...

Вечерва: Традиционална ноќна трка по повод Денот на ослободувањето на Штип

Штип вечерва повторно ќе биде во знакот на спортот, традицијата и одбележувањето на еден од најзначајните датуми во историјата на градот. По повод 8...

Авио-спектакл во Штип!

Небото над Штип повторно ќе биде место на авијациска возбуда, пилотска прецизност и прекрасно дружење! Во организација на RIMIN AIR, на Спортскиот аеродром Штип...
spot_img