14 C
Shtip
spot_img

Олеснети условите за увоз на возила

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини информираше дека се изменети постапките за одобрување на возила, кои ќе стапат на сила од 1 септември 2025 година и кои се однесуваат на одобрување на тип на возило, единечно одобрување на возило, идентификација и оцена на техничката состојба и издавање на потврди за исполнетост на техничките барања за возилата.

Клучните промени во постапките за одобрување на возила опфаќаат одобрување на тип на возило за сите негови варијанти и изведби според WVTA документот, освен ако импортерот не побара поинаку, единечно одобрување исклучиво за возила за кои не е одобрен типот во РСМ и немаат одобрение за тип во ЕУ преку Биро за метрологија, импортерите имаат обврска да издаваат потврди за исполнетост на техничките барања за сите возила за кои постоиевропско одобрение на тип (WVTA) или национално одобрување на тип.

Од Министерството информираат дека според пресметките 1,3 милиони евра годишно досега се давале за TÜV потврди кои не требало да се бараат, а парите завршувале кај странски компании на кои им се плаќало. Процесот сега ќе се регулира преку овластените застапници, домашни македонски компании. Роковите за одобрување на тип во Бирото за метрологија ќе бидат скратени двојно, за побрза и поефикасна постапка, а цените на услугите од Биро за метрологија ќе се регулираат со нов правилник. Потврдите за исполнетост на техничките карактеристики кај застапниците ќе чинат од 40 до 50 евра.

Министерството нагласува дека соработката со застапниците е клучна за успешна примена на Законот и изграден функционален систем на доверба.

„Градиме партнерски однос со импортерите како клучен елемент во процесот на усогласување со европските стандарди. Граѓаните треба да се чувствуваат заштитени и поддржани при секоја постапка за одобрување на возила“, додаде министерката Божиновска.

Министерството ќе продолжи со заложби за поедноставување на постапките во надлежност на Биро за метрологија, сè со цел граѓаните да добиваат поефикасна, транспарентна и достапна услуга.

━ повеќе содржини

EMIGRANTI на штипјанецот Влатко Јакимов во нов сингл!

Хип-Хоп групацијата во Лондон, предводена од штипскиот музички артист Влатко Јакимов вчера го објави својот нов сингл "Татко и син" во кој Влатко настапува...

ГКК Штип се засили со бек од Соединетите Американски Држави

Новиот член на најдобрата македонска кошаркарска конкуренција ГКК Штип ги засили своите редови со бек од Соединетите Американски Држави. Се работи за 24-годишниот Лангстон Лав...

Штипјанката Ива Колева со историски деби настап во сениорската репрезентација

Историски момент за штипската кошарка! Седумнаесетгодишната Ива Колева стана првата штипјанка која добила повик во сениорската женска кошаркарска репрезентација на Македонија, испишувајќи нова страница...

Професорката на УГД Јаневиќ-Ивановска одликувана со орден во Франција

Професорката Емилија Јаневиќ-Ивановска, која предава на студиската програма по фармација на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, доби значајно француско признание за својата академска и...

Вечерва: Традиционална ноќна трка по повод Денот на ослободувањето на Штип

Штип вечерва повторно ќе биде во знакот на спортот, традицијата и одбележувањето на еден од најзначајните датуми во историјата на градот. По повод 8...
spot_img