25.5 C
Shtip
spot_img

Од денес попладне до петок – дожд!

Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне со појава на магла по одделни котлини. Попладне и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд. На планините врнежите ќе преминуваат во снег. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3, а максималната ќе достигне од 5 до 12 степени.

Во Штип, променливо облачно и тивко со појава на магла. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 7 степени, соопшти УХМР.

Под влијание на влажни воздушни бранови во среда и четврток ќе има повремени локални врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни (над 25 л/м2 за 24 часа). На планините врнежите ќе бидат од снег при што ќе се формира снежна покривка од 5 до 10 см. Поради спуштање на постуден воздух од север, врнежите ќе преминуваат во снег и на некои од повисоките места. Од петок ќе има стабилизирање на времето.

━ повеќе содржини

Во недела во Штип – OldTimer Car Show!

Во недела со почеток од 11:00 часот Штип повторно ќе биде домаќин на една несекојдневна изложба која ќе ги обедини љубителите на автомобилската историја,...

Строг закон за коцкање: 500 метри подалеку од училишта

Со новиот закон што го изгласа Собранието, државата воведува серија забрани и ограничувања – од задолжително растојание од 500 местри од училишта до рестрикции...

Замрзнатото месо има рок на траење: еве колку долго може да се чува во замрзнувач

Правилното складирање на храната, особено месото, е исклучително важно за зачувување на нејзиниот квалитет и здравје. Иако замрзнувањето го продолжува рокот на траење, секој вид...

Весна го одгледува најскапиот зеленчук во светот: Килограм чини дури 20.000 долари

Додека многумина ја напуштаат селската средина во потрага по подобар живот, Весна Бошњак од населбата Омањска во Босна и Херцеговина останува верна на земјоделството...
spot_img