23.2 C
Shtip
spot_img

ОД АПРИЛ ЦЕНИТЕ НА ИНТЕРНЕТ – Ќе можат ли онлајн-ценовниците да ги поевтинат производите?

Поголема транспарентност на цените во маркетите, подобрена конкурнетност и намалување на цените – се владините очекувања од промените внесени во Законот за заштита на потрошувачите. Трговците се должни во рок од 45 дена по објавувањето во „Службен весник“ да се прилагодат на измените, односно да ги објават на своите веб-страници цените на сите производи. Со обврска да ги внесуваат промените на дневна основа. Реализацијата на оваа новина би требало да стартува од средината на април.

Граѓаните ќе можат да одберат каде ќе ги трошат нивните пари. Ќе знаат за секој производ во кој маркет по која цена се продава еден ист производ“, вели министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши.

Тоа не е мерка, тоа е евтин и смешен обид да се прикаже дека нешто се работи, додека граѓаните тонат во сиромаштија, обвинуваат од опозициската СДСМ. А, граѓаните, особено повозрасните, како што велат „на невидено“ не можат да кажат дали методот онлајн-ценовници ќе им биде од помош, бидејќи добар дел од нив не се многу вични со пребарувањето на интернет. Други, пак, посочуваат дека и да направат споредба, повторно ќе влезат во најблискиот маркет, затоа што одењето некаде подалеку одзема време.

Како што наведе и Дурмиши, кон законските измени се пристапи за заштита на животниот стандард на граѓаните, а следуваа откако беа донесени владините мерки кои веќе се во сила: ограничени се цените на осумте групи најоснови намирници, а лимитирани се маржите на 102 групи прехранбени производи и средства за хигиена. Сите се означени со „помалку трошоци, повеќе за тебе“, но потрошувачите, како и претходно се жалат дека тие артикли кои не се опфатени со мерките, поскапуваат. Односно, трговците имаат начини како да ги пресретнат рестрикциите и повторно да бидат во ќар.

Инспекторите на Државниот пазарен инспекторат се на терен и спроведуваат засилени контроли. Како што наведе Дурмиши, проверуваат деали маркетите ги усогласиле цените. Според работната агенда, до крајот на неделава треба да се изврши надзор на повеќе од илјада трговски објекти низ земјава. А, потоа ќе бидат презентирани наодите.

Казните се движат од 500 до 10 илјади евра, па и со затварање на маркетите во траење од 15 дена. Очекувањата се дека цените ќе се намалат, во просек, околу 10 проценти, со што ќе влијаеме на стабилизирање на инфлацијата и заштита на стандардот на граѓаните“, изјави  Дурмиши.

Исто така, тој вели дека ја охрабрува Комисијата за заштита на конкуренцијата да продолжи со контролите на маркетите, во контекст на неодамнешните нивни сознанија за нарушување на пазарната конкуренција од страна на четири синџири маркети кои незаконски се договарале за цените.

━ повеќе содржини

Трамп: Јас сум крипто претседател! Биткоинот за прв пат со историска вредност од 120.000 долари

Биткоинот за прв пат надмина вредност од 120.000 долари, што претставува голема пресвртница за најголемата криптовалута во светот, бидејќи инвеститорите сметаат на долгоочекуваните промени...

Манчевски почнува со снимање нов фим – „Збогум, Копакабано“

Филмот е социјална трилер-комедија за брат и сестра што крадат бисти низ Скопје, при што се отвораат теми за сестринска љубов и саможртва, самотија,...

Ужас кој ја потресе Европа: Часни сестри закопале речиси 800 бебиња и деца во септичка јама

Со децении немало никакви записи, надгробни споменици или официјални признаци за трагедијата што се случила во Домот за мајки и деца „Света Марија“ во...

Се отвора првиот ресторан во светот со готвач со вештачка интелигенција

Луѓето готват, но AI одлучува Иако храната ќе ја приготвуваат професионални готвачи, сè друго – од менито, амбиентот до начинот на услуга – ќе биде...

Дневен хороскоп за понеделник, 14-ти јули 2025 година!

ОвенВеќе некое време се чувствувате како робот кој извршува една по една задача, време е да се посветите! Дневниот хороскоп ве советува да се...
spot_img