7.2 C
Shtip
spot_img

Одржан НБА драфтот: Далас го има наследникот на Дончиќ, ќе заработува помалку отколку на колеџ

Како што се очекуваше, првиот пик на драфтот беше брилијантниот плејмејкер од Универзитетот Дјук, Купер Флег, кој беше избран од Далас Маверикс.

Така, по трејдувањето на Лука Дончиќ, Мавс повторно имаат генерациски талент, а навивачите се надеваат дека овој пат нема да уништат сè како што направија со Словенецот, кој сега е член на Лос Анџелес Лејкерс.

Флаг ќе заработува 15,6 милиони долари по сезона во НБА, а интересно е што ова е помала плата од онаа што ја имаше досега на колеџ.

На колеџ минатата сезона Флаг заработи, верувале или не, 28 милиони долари!

Вториот пик е Дилан Харпер, кој беше избран од Сан Антонио Спарс, од третото место Филаделфија 76ерс го избра ВиЏеј Еџкомб, а потоа Шарлот Хорнетс го избраа Кон Кнупел.

Петтиот пик беше Ејс Бејли, кој беше избран од Јута Џез, а меѓу првите десет пикови на драфтот се и Тре Џонсон (Вашингтон Визардс), Џеремаја Фирс (Њу Орлеанс Пеликанс), Егор Демин (Бруклин Нетс), Колин Мареј-Бојлс (Торонто Репторс) и Хаман Малуах (Хјустон Рокитс).

━ повеќе содржини

Ордан Зарински од Штип е добитник на стан во Скопје од инстант лозот на Државна лотарија

Стан во Скопје од инстант лозот „Доме сладок доме“ за Ордан Зарински од Штип Ордан Зарински од Штип освои стан во Скопје од инстант лозот...

За прв пат во Штип: Вински салон-фестивал! Спој на квалитетна капка вино, отменост, елеганција…

На 21.март годинава, Штип за прв пат ќе биде домаќин на еден настан посветен на винската култура. По пандан на големите европски метрополи, Штип...

Во тек се пријавите за второто издание на „Вардиште Траил“ во Штип

На 29 март ќе се одржи второто издание на „Вардиште Траил“ во Сончев Град во Штип, а во организација на клубот Ултра. Во тек...

Владата ја поздрави инвестицијата на „Актива Штип“ во нови производствени капацитети

Новите инвестиции во производствените капацитети на компанијата „Актива Штип“ носат значајна додадена вредност за македонската и локалната економија, беше истакнато при посетата на фабриката,...

Девојките од ОК Младост УГД газат сѐ пред себе

"Повторно голема победа од 3:1 против ланскиот шампион Јанта Волеј од Скопје! Денес одбележавме посебен резултат за нашиот клуб – пласман во завршниот турнир на...
spot_img