23.3 C
Shtip
spot_img

Одбојкарско дерби утре (сабота) во Штип!

Дуелот помеѓу шампионот и вицешампионот и освојувачот и финалистот во купот ланската сезона привлекува огромно медиумско внимание. Викендов, празник на одбојката во Штип, се игра дербито помеѓу домаќините Штип УГД и ОК Струмица.

Од таборот на домашниот тим најавуваат атак на победа, како и атак на двојната круна годинава. Исто така, за напомена е дека во среда (10.12.2025) ОК Штип УГД во салата во Радовиш ќе биде домаќин на Алијанц Милано во рамките на 1/16 финалето од главната фаза во европскиот Челинџ Куп.

Дербито во сабота е повод да се наполни салата “Јордан Мијалков” во Штип до последно место и публиката да биде ветер во грб на домаќините. Пренос од дуелот ќе има на МРТ 3. Натпреварот започнува во 20:30 часот.

━ повеќе содржини

EMIGRANTI Production објави мини-документарец за 12-годишниот Даријан Јакимов

Вчера во 18:00 часот по британско време, EMIGRANTI Production го објави новиот мини-документарец посветен на 12-годишниот Даријан Јакимов и неговото музичко патување од...

Заврши Golden Piano Talents натпреварот во Штип!

Седумдесет млади пијанисти од Кина, Италија, Полска, Турција, Грузија, Романија, Србија, Германија, Словенија, Бугарија и други земји настапија на петтото издание на Меѓународниот пијанистички...

Шампионот Штип УГД официјално „ги запали моторите” и комплетен ќе работи под полна пареа!

Актуелниот одбојкарски шампион на Македонија, Штип УГД денеска се до-комплетираше со репрезентативците кои беа дел од селекцијата на Македонија на ЕП во Бугарија и...

Тркалезна маса на тема „Криза на детството: Загубениот дух на детството и смислата на играта“

Тркалезна маса и промоција на книгата „Криза на детството: Загубениот дух на детството и смислата на играта“ од проф. д-р Кирил Барбареев ќе се...

Младите македонски информатичари се закитија со медали на Балканската олимпијада во Тирана, штипјанецот Давков бронзен!

Македонскиот тим освои сребрен и бронзен медал на 33-тата Балканска олимпијада по информатика (БОИ 2026) во Тирана. Владимир Грчев од Кочани се закити со...
spot_img