5 C
Shtip
spot_img

ОГНЕН СТЕФАНОВСКИ ПРЕСКОКНА 4,05 МЕТРИ И ГО СОБОРИ ДРЖАВНИОТ РЕКОРД ВО СКОК СО СТАП СТАР 57 ГОДИНИ

Огнен Стефановски стана првиот македонски атлетичар кој прескокнал со стап четири метри.

На Европското тимско првенство во Марибор, Стефановски оствари резултат од 4,05 метри и со тоа го собори државниот рекорд кој важеше од 1968 година и беше еден од најстарите во македонската атлетика. Во 1968 рекордот од 3,90 метри го постави Владимир Карер, во Ливорно.

Светскиот рекорд во скок со стап му припаѓа на Швеѓанецот Арманд Дуплантис, кој неодамна во Стокхолм прескокна 6,28 метри.

Дваесетгодишниот Стефановски, кој е член на скопскиот клуб Делта, е универзален атлетичар, па во Марибор настапува и во фрлање копје и на трката на 110 метри со пречки.

На истиот настан, Андреас Трајковски победи во скок во далечина со резултат од 7,83 метри, Дарио Ивановски триумфираше на 5.000 метри со време од 14:04,06 минути, Миљана Ристиќ постави нов национален рекорд на 3.000 метри стиплчејс – 11:49,49 минути, Брајан Авиа освои бронза во скок во височина со личен рекорд од 2,06 метри, штафетата 4х100 метри (Трајковски, Алексовски, Петров, Стојоски) беше втора и постави нов државен рекорд од 40,89 секунди, а Теа Алексовска постави нов младински рекорд во фрлање кладиво со резултат од 38,74 метри.

━ повеќе содржини

Ордан Зарински од Штип е добитник на стан во Скопје од инстант лозот на Државна лотарија

Стан во Скопје од инстант лозот „Доме сладок доме“ за Ордан Зарински од Штип Ордан Зарински од Штип освои стан во Скопје од инстант лозот...

За прв пат во Штип: Вински салон-фестивал! Спој на квалитетна капка вино, отменост, елеганција…

На 21.март годинава, Штип за прв пат ќе биде домаќин на еден настан посветен на винската култура. По пандан на големите европски метрополи, Штип...

Во тек се пријавите за второто издание на „Вардиште Траил“ во Штип

На 29 март ќе се одржи второто издание на „Вардиште Траил“ во Сончев Град во Штип, а во организација на клубот Ултра. Во тек...

Владата ја поздрави инвестицијата на „Актива Штип“ во нови производствени капацитети

Новите инвестиции во производствените капацитети на компанијата „Актива Штип“ носат значајна додадена вредност за македонската и локалната економија, беше истакнато при посетата на фабриката,...

Девојките од ОК Младост УГД газат сѐ пред себе

"Повторно голема победа од 3:1 против ланскиот шампион Јанта Волеј од Скопје! Денес одбележавме посебен резултат за нашиот клуб – пласман во завршниот турнир на...
spot_img