32 C
Shtip
spot_img

Нов ќотек скандал во Србија – Инфлуенсерката Сораја нападната од двајца мажи

Сораја, според извори блиски до истрагата, ја изгубила свеста како последица на физичките повреди и шокот, а ја повратила благодарение на силниот мирис на варикина, со која напаѓачите ја полевале.

Француската јавност, како и многубројните корисници на социјалните мрежи низ светот, останаа згрозени од бруталниот напад што го претрпе познатата триесетгодишна инфлуенсерка Сораја Рифи.

Оваа млада жена, која има повеќе од еден милион следбеници на Инстаграм, била нападната во петокот навечер, на 4 јули, во својот стан во Марсеј, од страна на двајца вооружени мажи. Според телевизијата BFMTV, станува збор за грабеж што прераснал во повеќечасовна тортура од невидена суровост. За време на нападот, Сораја била врзана, физички малтретирана и ѝ се заканувале со смрт. Откако успеала да се ослободи и да повика помош, била хоспитализирана, а случајот веднаш бил пријавен во полиција.

Ја полевале со варикина. Мислеше дека ќе ѝ ги извадат органите и ќе ја запалат – изјави нејзиниот адвокат во шокантно сведочење за BFMTV на 6 јули, истакнувајќи дека станува збор за напад „со невиден степен на насилство“.

Според наодите од истрагата, напаѓачите влегле во станот со јасна намера, знаејќи точно кого напаѓаат. Адвокатот на Сораја откри и дополнителни морничави детали:

Ја удирале со скалпел и со пиштол, а потоа ја врзале со леплива лента. Ѝ рекле:

Дај ги парите или ќе те ликвидираме, знаеме која си“.

Според изјавите собрани во истрагата, нејзината ноќна мора траела речиси два часа. Во тој период била изложена не само на физичко, туку и на психичко насилство. Нападот, според нејзината изјава во полицијата, вклучувал и сексуално насилство.

Се разбудила со болки во пределот на интимните делови и со траги кои, за жал, оставаат многу малку простор за сомнеж – изјави адвокатот, додавајќи дека во понеделник ќе биде извршена медицинско-правна експертиза што би можела дополнително да ги потврди сомнежите за силување.

И покрај тешката психофизичка состојба, Сораја успеала да се ослободи и да повика итна медицинска помош, со што, најверојатно, си го спасила животот.

Француската полиција отвори истрага за грабеж со употреба на сила, а се очекуваат резултатите од медицинската анализа и дополнителните искази на жртвата. Нејзините адвокати најавуваат дека ќе бараат најстроги казни за сторителите.

Во меѓувреме, јавноста останува во шок, а корисниците на социјалните мрежи масовно изразуваат поддршка за инфлуенсерката и бараат брза и ефикасна реакција од правосудните органи.

Ова монструозно насилство, како што истакнуваат многумина, мора да биде аларм за посилна заштита на жените и построги мерки против нападите врз јавни личности и поединци во нивните домови.

━ повеќе содржини

Штипјанката Билјана Донева го освои Grossglockner – искачи 3.798 метри на највисокиот врв во Австрија

Штипјанката Билјана Донева запиша уште едно значајно планинарско достигнување, успешно искачувајќи го Grossglockner, највисокиот врв во Австрија, висок импресивни 3.798 метри.Донева до врвот стигна...

Света Петка ѝ се јавила во сон – приказната за светата вода кај штипското село Аргулица

Во близина на штипското село Аргулица, во атарот на Општина Карбинци, стои светото место посветено на Света Петка Параскева. Манастирската црква „Св. Петка“ и...

Штипјанец ја прави најдобрата ракија во светот: Ракијата „Бараба“ е прогласена за најдобра во светот на меѓународен натпревар во Лондон!

Ракијата Бараба е прогласена за најдобрата ракија во светот на меѓународен натпревар во Лондон, а технологот кој ја произведува е Александар Рунчев од Штип. IWSC...

Полицијата во Штип приведе 29-годишна жена со марихуана

На 05.09.2026 во 22:45 часот на ул. „Тодор Чучков“ во Штип, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР...

Лигата на шампионите доаѓа во Штип!

Одбојкарскиот клуб Штип УГД, кој за прв пат лани ја освои двојната круна во првенството и купот, годинава премиерно ќе настапува во одбојкарската Лига...
spot_img