25.4 C
Shtip
spot_img

На поранешниот кошаркар Влатко Стојанов од Штип потребна му е помош за лекување – НАШАТА ПОДДРШКА за него значи шанса за нов почеток

На Влатко Стојанов, поранешен кошаркар од Штип, кој живее со дијагноза мултиплекс склероза, потребна му е нашата помош.

Неговата сопруга преку меѓународната платформа ПавелАндреев.орг која служи за собирање донации бара средства со кои на Влатко би му се овозможило лекување во болница во Кипар.

Станува збор за специјален центар каде се применува нова, иновативна и надежна медицинска метода, неуростимулација, која веќе покажува значителни резултати кај пациенти со слична состојба.

Влатко веќе со години ја води оваа тивка борба со болеста за која велат дека има милион лица, мултиплекс склероза.

Потребни се 23.300 евра

За неговото лекување на Кипар потребни се 23.300 евра, сума која ова семејство не може самостојно да ја обезбеди.

Болеста на Влатко тивко одзема дел по дел од неговото тело, така што неговите секојдневни активности се ограничени.

Но неговото семејство верува во подобро утре и се надева на хуманоста на добрите луѓе со чија помош Влатко би можел да биде испратен на лекување каде постојат реални шанси да му се подобро подвижноста, но и здравствената состојба и секојдневното функционирање.

„Затоа, со голема почит и благодарност, се обраќаме до сите хумани луѓе кои имаат можност да помогнат – секоја донација, без разлика на износот, е огромен чекор кон подобар живот и надеж за мојот сопруг. Ваша поддршка значи шанса за нов почеток. Од срце Ви благодариме за човечноста, солидарноста и за секој ваш придонес“ пишува сопругата на Влатко во апелот објавен на платформата за собирање донации.

Па доколку и вие сакате да бидете дел од борбата на Влатко и да помогнете тоа може да го направите преку линкот тука.

Направете донација (во Македониja и во странство) со картичка, PayPal, ApplePay, GooglePay, Revolut:

Подадете рака за Влатко – секој чекор значи живот

Можете да донирате на платформата без разлика на која валута се парите на вашата сметка/картичка брзо, лесно и безбедно.

За Влатко! Да бидеме хумани! Да помогнеме!

━ повеќе содржини

Штипјанката Билјана Донева го освои Grossglockner – искачи 3.798 метри на највисокиот врв во Австрија

Штипјанката Билјана Донева запиша уште едно значајно планинарско достигнување, успешно искачувајќи го Grossglockner, највисокиот врв во Австрија, висок импресивни 3.798 метри.Донева до врвот стигна...

Света Петка ѝ се јавила во сон – приказната за светата вода кај штипското село Аргулица

Во близина на штипското село Аргулица, во атарот на Општина Карбинци, стои светото место посветено на Света Петка Параскева. Манастирската црква „Св. Петка“ и...

Штипјанец ја прави најдобрата ракија во светот: Ракијата „Бараба“ е прогласена за најдобра во светот на меѓународен натпревар во Лондон!

Ракијата Бараба е прогласена за најдобрата ракија во светот на меѓународен натпревар во Лондон, а технологот кој ја произведува е Александар Рунчев од Штип. IWSC...

Полицијата во Штип приведе 29-годишна жена со марихуана

На 05.09.2026 во 22:45 часот на ул. „Тодор Чучков“ во Штип, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР...

Лигата на шампионите доаѓа во Штип!

Одбојкарскиот клуб Штип УГД, кој за прв пат лани ја освои двојната круна во првенството и купот, годинава премиерно ќе настапува во одбојкарската Лига...
spot_img