15.1 C
Shtip
spot_img

Насоки за училиштата и родителите за психолошка поддршка на учениците по трагедијата во Кочани

Министерството за образование и наука во соработка со УНИЦЕФ, Институтот за психологија при Филозофскиот факултет во Скопје и Комората на психолози изготвија насоки за постапување на училиштата, наставниците и родителите во услови на кризна состојба со цел да им овозможат психолошка поддршка на учениците по трагедијата во Кочани.

-Насоките имаат цел да им помогнат на училиштата да пружат психолошка поддршка на учениците по трагичниот настан во дискотеката во Кочани, во којшто згаснаа многу млади животи. Овој настан ги погоди сите и затоа е важно да покажеме колективна солидарност и да изнајдеме начини како да ги поддржиме учениците да се справат со тагата и вознемиреноста што ги чувствуваат, се наведува во Насоките што ги објави МОН.

Во насоките за училиштата, меѓу другото, пишува дека треба да се одржуваат училишните активности и да не се откажуваат часовите зашто надвор од наставата учениците ќе се препуштаат на неконтролирани влијанија од средината.

-Надвор од училиштето, тие може да бидат оставени сами без поддршка и под влијание на негативните вести што доаѓаат од медиумите. Часовите треба да се организираат на начин на кој приоритет ќе се даде на психосоцијалната поддршка на учениците. Се препорачува наставниците да ги планираат активностите во консултација со стручните соработници. За време на часовите од важност за добросостојбата на учениците е да не се одржуваат тестови, да се организираат активности кои ќе им помогнат на учениците да се чувствуваат подобро. За време на часовите наставниците да одвојат време за разговор со учениците и да им овозможат да поразговараат за несреќата доколку чувствуваат потреба. На учениците треба да им се даде можност да ги искажат своите мисли и емоции во контролирана и поддржувачка средина. На секој ученик што чувствува потреба или сака повеќе да разговара во врска со овие случувања, потребно е да се насочи кому и каде може се обрати, во и надвор од училиштето, пишува во насоките.

Во насоките наменети за наставници се даваат примери за обраќања и дискусија со учениците за време на часовите, а во насоките за родители – совети како со нивните деца да разговараат за кризната состојба со што ќе им помогнат да се справат со последици од трауматски настан.

-Ограничете го времето поминато со вести за настанот и внимавајте со информациите кои ги споделувате на социјалните мрежи. Постојаното изложување на медиумски содржини може да ги зголеми вашите и нивните грижи и стравови. Споделувањето информации може, исто така, да придонесе кон нејаснотии или ширење на непроверени податоци што може да направат штета. Придржувајте се до потврдени информации од релевантни извори. Од суштинска важност е да се работи на справување со вознемиреноста кај децата. Важно е на децата да им се укаже дека станува збор несреќен случај, кој е изолиран и не треба да се генерализира во колективна и постојана опасност, пишува во насоките за родители.

На веб-страницата на МОН се достапни насоките за училиштата, наставниците и за родителите, подготвени на сите пет јазици на кои се изведува наставата во државава.

━ повеќе содржини

ФК Брегалница со хуманитарна крводарителска акција!

Од маркетинг секторот во фудбалскиот клуб Брегалница известуваат дека започнуваат со реализација на проекти поврзани со општествената одговорност. Имено, во понеделеник (05.10) во соработка со...

Утре (01.10) започнува јубилејната 10-та Текстилијада!

Утре во Штип започнува јубилејното десетто издание на „Текстилијада“, кое од 1 до 3 октомври ќе понуди три дена исполнети со разговори, конференции, работнички...

Штипјанецот Коки Јанков со нов хит-сингл!

Кога љубовта е вистинска, човек сака саканата личност да биде покрај него во секое годишно време – а понекогаш, за приказната да биде целосна,...

EMIGRANTI Production објави мини-документарец за 12-годишниот Даријан Јакимов

Вчера во 18:00 часот по британско време, EMIGRANTI Production го објави новиот мини-документарец посветен на 12-годишниот Даријан Јакимов и неговото музичко патување од...

Заврши Golden Piano Talents натпреварот во Штип!

Седумдесет млади пијанисти од Кина, Италија, Полска, Турција, Грузија, Романија, Србија, Германија, Словенија, Бугарија и други земји настапија на петтото издание на Меѓународниот пијанистички...
spot_img