14.5 C
Shtip
spot_img

Млади штипјани во трката за 1.000.000 денари – време е да ги поддржиме

Градот кој отсекогаш се гордеел со своите ученици, професори и иноватори, сега се
гордее со нова генерација млади штипјани кои размислуваат храбро и визионерски.
Три тимови од Штип се најдоа меѓу Топ 53 најдобри идеи во Македонија на
националниот натпревар „Средношколец милионер“, организиран од Brainster Next
College и NU академиите за талентирани средношколци.
Од 438 пријавени идеи, нашите штипјани се издвојуваат со решенија што се практични,
иновативни и блиски до сите нас.
Сега се во трката за големата награда од 1.000.000 денари и заслужуваат поддршката од
секој еден од нас.
Еве кои идеи го претставуваат Штип:
SkyDrop – тим FutureGreens, на средношколците Елена Јанева, Евгенија Крстовска,
Иван Атанасовски и Мартин Тодоров
Идеја што ја комбинира технологијата и одржливоста преку систем за еколошка достава
со помош на дронови.
Погледнете ја и гласајте за нивната идеја тука.
Quick-Med – тим Ви-Ши на средношколците Бране Тасев, Нела Ангелова, Никола
Зенделов и Елена Јованова
Иновативно решение во здравството апликација што овозможува брз пристап до лекови –
особено значајна поддршка за хронично болните и постарите лица.
Погледнете ја и гласајте за нивната идеја тука.
Домашен вкус – тим Кошаркарки на средношколците Нина Варадинова, Бојана
Јорданова и Тина Миташева
Тим што ја оживува традицијата преку дигитална платформа за домашна, здрава и вкусна
храна подготвена со љубов.
Погледнете ја и гласајте за нивната идеја тука.
Секој глас значи поддршка за младите умови кои ја градат иднината на Штип и на
целата земја.
Граѓаните можат да гласаат за повеќе идеи истовремено (можете да ги поддржите
сите млади штипјани) но само со еден глас по идеја.
Да им помогнеме нашите претставници да стигнат до финалето и да покажеме
дека Штип стои зад своите таленти.

━ повеќе содржини

EMIGRANTI на штипјанецот Влатко Јакимов во нов сингл!

Хип-Хоп групацијата во Лондон, предводена од штипскиот музички артист Влатко Јакимов вчера го објави својот нов сингл "Татко и син" во кој Влатко настапува...

ГКК Штип се засили со бек од Соединетите Американски Држави

Новиот член на најдобрата македонска кошаркарска конкуренција ГКК Штип ги засили своите редови со бек од Соединетите Американски Држави. Се работи за 24-годишниот Лангстон Лав...

Штипјанката Ива Колева со историски деби настап во сениорската репрезентација

Историски момент за штипската кошарка! Седумнаесетгодишната Ива Колева стана првата штипјанка која добила повик во сениорската женска кошаркарска репрезентација на Македонија, испишувајќи нова страница...

Професорката на УГД Јаневиќ-Ивановска одликувана со орден во Франција

Професорката Емилија Јаневиќ-Ивановска, која предава на студиската програма по фармација на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, доби значајно француско признание за својата академска и...

Вечерва: Традиционална ноќна трка по повод Денот на ослободувањето на Штип

Штип вечерва повторно ќе биде во знакот на спортот, традицијата и одбележувањето на еден од најзначајните датуми во историјата на градот. По повод 8...
spot_img