3.8 C
Shtip
spot_img

МИЦКОСКИ: ПОСТОИ ОПАСНОСТ СДСМ ДА ПРЕСТАНЕ ДА ПОСТОИ ПО ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ

Не би навлегувал подетално во анализа, но кај него го забележувам предавничкиот, поданички и кодошки однос – одговори Мицкоски на прашањето за критиките дека Филипче ги поткопува државните интереси.

Премиерот Христијан Мицкоски денеска го критикуваше опозицискиот СДСМ, обвинувајќи го за неконструктивност во процесот на евроинтеграциите и за политичка стратегија која, според него, води кон самоуништување.

Тој изјави дека поради едноцифрениот рејтинг, постои реална опасност СДСМ да не опстои по следните локални избори.

– Градиме, се бориме низ целиот свет, а тој (Венко Филипче) со една изјава вели – “јас прифаќам сѐ што ќе ми ставите на маса, само вратете ме на власт“. Тоа не е конструктивност, тоа е рушење. Затоа имаат едноцифрен рејтинг и мислам дека постои сериозна опасност дали таа политичка партија ќе продолжи да постои по локалните избори – изјави Мицкоски на новинарско прашање по отворањето на реновираниот туристички комплекс „Македонско село“.

– Не би навлегувал подетално во анализа, но кај него го забележувам предавничкиот, поданички и кодошки однос – одговори Мицкоски на прашањето за критиките дека Филипче ги поткопува државните интереси.

На прашањето дали изјавите на Филипче за наводна автократија во политиката се точни, Мицкоски одговори:

– Мислам дека јавноста тоа го гледа јасно. Тоа е позната стратегија на СДСМ. Тие мислат дека на таков начин ќе добијат нова шанса да ја водат владата, но тоа е стратешки погрешна комуникација. Ако испраќате порака што мнозинството граѓани не ја чувствува, таа порака е за џабе – вели премиерот.

Мицкоски додаде дека политиката треба да биде во склад со чувствата и потребите на граѓаните, а не со „политички ќорци“.

Во врска со обвинувањата од СДСМ за селективна истрага за пожарот во Кочани и за фирмата „Салтировски консалтинг“, Мицкоски ја отфрли можноста за политичко влијание, посочувајќи дека истрагата ја води јавното обвинителство, избрано токму со поддршка на СДСМ и ДУИ.

– Тоа е стратегијата на СДСМ – преку некрофилија да добијат политички поени. Владата не е дел од истрагата. Јавниот обвинител Љупчо Коцевски беше избран со огромно мнозинство од СДСМ и од ДУИ, а и други обвинители во тимот имаат нивна поддршка – рече премиерот.

━ повеќе содржини

Мирослава Монтемајор е новата Дилета!

Натпреварите од Лигата на шампионите се следат и во далечното Мексико, а добар дел од жителите на оваа земја го гледаат најелитното европско клупско...

БУГАРСКАТА ВЛАДА ПОДНЕСЕ ОСТАВКА ПО МАСОВНИТЕ ПРОТЕСТИ

Бугарската влада вчера поднесе оставка по масовните протести низ земјата. Премиерот Росен Жељазков донесе ваква одлука во пресрет на шестото гласање за доверба на...

„Safe City“ ЌЕ СТАРТУВА ОД 1 ФЕВРУАРИ – Месец плус за усогласување на процедурите за казнување

Од МВР објасниле дека одлуката доаѓа поради потребата од дополнителна техничка проверка и усогласување со правните процедури за електронско казнување. Исто така, се разгледува...

Премиерата на новиот анимиран филм од серијалот „Светот на Биби“

Премиера на новиот анимиран филм од серијалот „Светот на Биби“ ќе се одржи денеска од 12 часот во киното Синеплекс.  Публиката ќе има можност да...

Штипјанецот Бојан Миовски влегува во посакуваната гол-форма! Во ЕЛ постигна ефектен гол со ножички (видео)

Бојан Миовски ја надмина кризата од стартот на сезоната, па македонскиот голгетер повторно блеска во дресот на Ренџерс. Неколку дека откако беше двоен стрелец на...
spot_img