30.9 C
Shtip
spot_img

Меморијалниот турнир “Влатко Петров” со досега најголем награден фонд!

Почитувани,

По јубилеен 25ти пат, Здружението на граѓани Влатко Петров Штип ви го најавува најдобриот, најголемиот и најорганизираниот турнир во мал фудбал Влатко Петров 2025. Во чест на нашиот другар, сограганин и Македонски бранител Влатко Петров, секоја година традиционално во негова чест и спомен се одржува турнир во мал фудбал каде учество земаат екипи од цела Македонија.

Оваа година организаторот најавува досега најголеми награди и најдобри услови за сите учесници на турнирот.

Награден Фонд : 350 000 денари

Награди :
I место – 180 000 денари
II место – 100 000 денари
III место – 50 000 денари
IV место – 10 000 денари

Исто така индивидуални награди :
Најдобар Голман – 5 000 денари
Најдобар Стрелец – 5 000 денари

Котизација за учество : 3 000 денари.

Ве покануваме да бидете дел од овогодинешното јубилејно 25 издание на Меморијалниот турнир Влатко Петров 2025. Пријавувањето на екипите е до 10.јули – стои во соопштението од организаторот.

━ повеќе содржини

Во недела во Штип – OldTimer Car Show!

Во недела со почеток од 11:00 часот Штип повторно ќе биде домаќин на една несекојдневна изложба која ќе ги обедини љубителите на автомобилската историја,...

Строг закон за коцкање: 500 метри подалеку од училишта

Со новиот закон што го изгласа Собранието, државата воведува серија забрани и ограничувања – од задолжително растојание од 500 местри од училишта до рестрикции...

Замрзнатото месо има рок на траење: еве колку долго може да се чува во замрзнувач

Правилното складирање на храната, особено месото, е исклучително важно за зачувување на нејзиниот квалитет и здравје. Иако замрзнувањето го продолжува рокот на траење, секој вид...

Весна го одгледува најскапиот зеленчук во светот: Килограм чини дури 20.000 долари

Додека многумина ја напуштаат селската средина во потрага по подобар живот, Весна Бошњак од населбата Омањска во Босна и Херцеговина останува верна на земјоделството...
spot_img